На овогодинешниот MICROSOFT VIZIJA: Reloaded настан, компанијата Infinite Solutions ќе учествува со презентација на технологиите на Microsoft кои може да се искористат во индустријата за малопродажба.
На презентацијата ќе имате можност да научите повеќе за продуктите на MICROSOFT во малопродажбата и слични вертикали кои се или можат да се изградат околу нив.
Ќе погледнете што MICROSOFT и некои од неговите Партнери прават во полето на малопродажната индустрија, за да им помогнат на трговците да одговорат на ефектите на глобалната рецесија, спориот раст на продажбата и промена на односот на купувачите. Презентацијата ќе направи краток преглед на се што веќе постои на ова поле за да најуспешно одговорите на модерните предизвици на малопродажбата концентрирана кон купувачот и како да го зајакнете Вашиот бизнис со нови решенија засновани на технологии на Microsoft.
Презентацијата ќе ја држи Антонијо Тодоровиќ Димишков, Microsoft Dynamics консултант со повеќе од 17 години знаење и искуство со проекти од малопродажната индустрија. Антонијо има учествувано во имплементација на технологииите на MICROSOFT кај клиенти како Real Madrid F.C., Marks & Spencer (franchise stores), LVMH, Cafes la Mexicana, Loro Parque, Arcadia Group и други.
INFINITE SOLUTIONS е компанија за бизнис технолошки решенија и сервиси со иновативни знаења во технологиите на MMicrosoft. Со специјалисти во продуктите на Dynamics фамилијата и .NET платформата, Infinite Solutions овозможува целосно решение кое покрива повеќе различни индустрии, производство, одбрана, финансии и малопродажба.