Во рамките на едукативната програма AcademIAA, Катарина Костиќ, регионален директор за развој за медиски операции во рамките на UM, одржа предавање под назив “Зошто целиот свет е маѓепсан од медиумите?”, со кое е отворен едукативниот модул Медиуми.
“Чест ми е во светот, којшто последните години толку брзо се менува, да ги “вовлечам“ и посетителите на AcademIAA програмата. На улогата на медиумите и медиските агенции често се гледа од многу банална страна, како да сме ние тука само да закупиме рекламен простор и да кажеме кога и каде пораката на брендот треба да се појави”, изјави Катарина.
Ќе ги споделиме со Вас советите кои Катарина им ги даде на младите луѓе кои влегуваат во светот на адвертајзингот, и тоа токму во областа на работата со медиумите.
- Никогаш улогата на медиската агенција не е само да закупи и да планира, не гледајте така на оваа област од адвертајзингот. Ако така гледате нема да бидете свесни за светот и времето во кои работите и за потрошувачите на кои треба да им ја пласирате пораката на брендот, како ни за клиентите на кои треба да им донесете резултати. Медиските канали забрзано еволуираат, со самото тоа и континуирано се отвараат и можностите и потенцијалот за нестандардна употреба на истите, со што оние кои таа шанса ќе ја искористат донесуваат извонредни резултати. Секогаш гледајте ја ситуацијата од повеќе агли, обидувајте се да ја гледате пошироката слика, бидете љубопитни.
- Денес луѓето не можат да издржат ниту секунда, а да им е досадно, сакаат да го исполнат слободното време и да поминат повеќе време отколку порано со медиумите и со различна содржина. Количината на медиуми со кои сме опкружени е драстично поголема од порано. За да бидете успешни во оваа работа морате да бидете забележани и релевантни за потрошувачите во време на медиско изобилие, а тоа подразбира разбирање на потрошувачите, анализирање на податоците за нивното однесување во секоја секунда и поврзување со добрите идеи кои мораме да ги рашириме преку мноштвото на медиски канали. Значи, подобро разбирање и анализирање на податоците, подобро користење на технологијата, интеграција на традиционалните и дигиталните медиуми и интеграција со креативните идеи е денес, единствен начин да се дојде до потрошувачите и тоа е работата на медиската агенција. Развивате креативност и аналитичност, го следите развојот на технологијата и глобалните трендови во областа на адвертајзингот
- Медиската агенција благодарение на податоците, информациите, марењата и алатките кои ги поседува, ги развива и собира, а се како последица на тетхолошкиот напредок, се става себе си во улога на исклучително важен деловен партнер и советник. Во оваа област можете со помош на економетријата да најдете врска помеѓу резултатите кои брендовите сакаат да ги постигнат и сите маркетинг и медиски активности. Значи, развивајте се во правец на аналитиката и моделирањето, учете да ја разберете релацијата помеѓу различните видови на податоци и начинот на кој можат да се вкрстат, за да се добие интересен insight за планирање на кампањата, совладајте го Excel, SPSS и другите достапни алатки за обработка на податоците.