Добрите односи со јавноста често се борат да ја покажат својата вредност кон надворешните менаџери и клиенти.
Многу директори на компании за жал сеуште не ги разбираат целосно односите со јавноста и ПР-от, и многумина од нив сеуште ги гледаат како нешто кое нема суштинско значење за нивниот бизнис.
Но тоа не е сосема нивна вина.
Пред Интернетот беше многу тешко да се измери и извештајот за ефективноста на ПР-от. Многу работи се променија од тогаш. Еве два начини за надминување на најголемите пречки за мерење на ПР активностите спроведени на интернет:
1.Стоп за мерење на погрешни работи.
Многу ПР професионалци знаат како да ја измерат својата активност, но тука не станува збор за вистинските мерења на вредноста за нивните напори.
“Стандарден” извештај за односи со јавноста може да го вклучува следното:
- Број на изјави во медиумите
- Број на споменувања во медиумите
- Број на успешно воспоставени медиа “врски“
- Листа на алатки за креирање на содржина
- Број на дадени интервјуа
- Добиени награди
- Присуство на релевантни настани
Мерењето на оние ставки покажува дека сте биле доста зафатени со активности, но тоа не може да утврди дали сте поблиску до остварувањето на вашите бизнис цели. Ако сакате директорите да разберат зошто ПР е важен, мора да се измерат целите и перформансите.
Направете проценка на вашиот ПР врз основа на следниве параметри:
- Ранг при пребарување
- Веб сообраќај
- Конверзија на клиенти
- Активност на социјалните медиуми
- Оценки и рејтинг на медиумите
- Задржување на клиентите
- Приход
Кога знаете што треба да се измери тоа може да ви биде од огромна помош.
2. Научете како да ги измеиете вистинските нешта
Пред повеќето набавки на стоки и услуги да се преселат во полето на Интернетот, претходно би било речиси невозможно да се измерат “вистинските параметри”. Доколку купувачот прочита позитивна рецензија на интернет, а потоа влезе во таа продавница вие сте направиле конверзија (што претходно никогаш не можело и реално да се следи) денес онлајн може полесно да се прати и да се согледува конверзијата.
Различни видови на софтвер за мерење на ПР-от може да го поедностават процесот, преку примена на софистицирани алгоритми за следење и анализа на вашите напори. Преку поврзување на вашиот вебсајт и анализатор со ПР мерна технологија, можете да ги пратите клиентите во текот на нивнот циклус на купување. Мерење на вашите напори може да го зајакне кредибилитетот на самата организација; но ве советуваме да бидете сигурни дека ги следите вистинските податоци