Главниот креативец на најдобрата кампања на годината “10 meters apart“ , Душан Дракалски (@corbeen) сосема очекувано и заслужено е добитник на специјалната награда “Golden Watch“ која се доделува за најдобриот креативен директор на фестивалот Golden Drum 2013.
Дракалски е дел от тимот на македонската агенција Њу Момент (New Moment New Ideas Skopje) и во моментов а ангажиран како Регионален Креативен директор на целата New Moment New Ideas групација.
Својата кариера ја започна во 1997 година работејќи за S Team Bates Saatchi & Saatchi а е добитник и на повеќе награди на низа престижни фестивали како Cannes, Eurobest, New York Festival, Epica, Golden Drum, Moscow International Advertising Festival итн..
Маркетинг365 му честита за новата награда и му посакува уште многу успеси во иднина !