NEM 2017 го најавува првиот Case Study
Не постои вистински момент за големи чекори во животот, а без ризикување човек не може да успее. Патот до успехот на Изет Пинто бил и повеќе од необичен.
Izzet Pinto денес е основач и претседател на компанијата Global Agency која е позната како водечки независен дистрибутер на содржини, застапува 150 одбрани проекти ширум светот, а допринесува и со создавање на сопствени телевизиски хит формати. Но, неговата приказна започнува уште во времето кога бил продавач на чевли и води се` до глобален успех, кога станува водечки независен дистрибутер на серии, ТВ формати и филмови. Можеби постои тајна за овај феноменален успех, но Изет Пинто храбро го превзеде одлучувачкиот чекор кога се чинеше дека никој не верува дека големи работи воопшто можат да се случат.
Сонувањето не ве прави вас сонувач. Сонувачите се луѓе кои се однесуваат неразумно, обидувајќи се да ги остварат своите апсурдни идеи. Најважно, тие не превземаат чекори. Јас од друга страна, одсекогаш сонував, но секогаш и превземав чекори, изјави Пинто.
На NEM 2017, најголемиот настан за медиска индустрија во CEE регион, Изет Пинто ќе има Case Study за својата компанија Global Agency и ќе ја раскаже својата неверојатна приказна за успехот. Учесниците ќе имаат прилика да слушнат за размислување надвор од рамката и што е се` потребно за да се постане меѓународен играч во индустријата која вреди милјарди долари. Од дистрибутер на турска содржина, Global Agency станува глобална компанија во полна смисла на зборот. Во 2012 година, заедно со Tims Productions, Global Agency стекнува права за австралискиот дистрибуциски бренд World Wide Entertainment и уште повеќе го проширува своето влијание.
После успешното четврто издание, NEM продолжува да расте и да ги претставува новите бизнис можности за своите учесници. Во хотелот Дубровник Палас по петти пат ќе се соберат водечките стручњаци од областа на телевизијата, менаџери и раководни луѓе на телевизиските компании, оператори од целиот регион, многу припадници на продуцентската елита и актерски ѕвезди.
Бидете дел од NEM 2017 година и прославете ја јубилејната петта година! Ако се пријавите меѓу првите, гарантирана Ви е најдобра цена за набавка на NEM пакетот кој вклучува акредитација, 3 ноќевања и трансфер од и до аеродромот.