“Зборовите” се познати како универзален механизам со неверојатна функционалност. Кога станува збор за корисничкиот интерфејс покрај визуелниот дел, текстот е една од клучните особини која е важна за успешен перформанс.
Основата на пишувањето
Во поглед на терминологијата, во полето на дизајнот, маркетингот и новинарството содржините во форма на текст се нарекуваат “copy” без разлика колку се мали или обемни.
Иако кога станува збор за дизајн можеме да се сконцентрираме на визуелни елементи како илустрации, икони, копчиња, анимации, бои и форми, со занемарувањето на текстуалниот дел од содржините за време на креирањето на интерфејсот може да сме крајно разочарани од крајниот резултат.
Зборовите комплетно не може да бидат заменети од страна на графика без разлика колку и високо-квалитетна и професионална и да е. Зборовите потребно е внимателно да се одбрани и анализирани на начин на кој истите го поткрепуваат генералниот концепт за дизајн и го нагласуваат позитивното корисничко искуство и успешната интеракција.
Пишаните содржини се интегрален дел од еден кориснички интерфејс
Земајќи го во предвид ограничениот простор на една веб страница како и високо ограничениот простор за елементи на екранот на една мобилна апликација, текстот треба да прикаже професионален пристап.
Ова е одлично во случајот кога дизајнерите цела работа околу интерфејсот ја прават сами, но често ова не е нивна работа. Соодветниот, и коректниот текст на еден екран е многу важен елемент покрај функционалноста и дизајнот.
Многу е важно да се истражуваат техниките и методите за креирање на содржина која ќе биде во исто време информативна и ќе ги поттикне корисниците да се вклучат, а во исто време и ќе го поддржи и дизајнот, односно визуелниот дел аплициран на екраните односно страниците.
За да се креира добар текст потребно е да се вклучат и професионалци, на дизајн на интерфејс каде секоја буква е важна многу е битно да се пронајде соодветниот начин на кој секој еден збор ќе има своја цел и функционалност и ќе му биде “од корист на корисникот“.
Функцијата на текстот во интерфејсот
Зборовите се можеби и најразбирливиот и мултифункционален начин за интеракција и вклучување на корисникот особено кога се креира врз основа на психолошко и лингвинистичко знаење и длабока анализа на целната публика и целта за користење на самиот производ.
Ефикасниот текст има неколку генерални функции кои можат да се презентираат заеднички во различни видови на комбинации во зависност од целта за која се креира текстуалната содржина.
Текстот аплициран на апликација или веб страна треба да:
- информира
- комуницира
- овозможи интеракција
- да ја зголеми навигацијата
- да ги поттикне емоциите
- да ги вклучи емоциите
- да биде тонот и гласот
Добриот текстуален дел често е дел од повеќе од овие функции во исто време во функција да ја подобри корисноста и забрзаната перцепција на содржината од екранот или страницата.
Текстот е визуелен дел од содржината
Едно од нештата кои дизајнерите кои креираат интерфејси треба да го земат во обзир кога креираат интерфејси од било каков вид е дека текстот е уште еден визуелен сегмент кој е елемент на дизајнот.
Како и иконите, полињата, копчињата, илустрациите и слично овој дел од содржината на интерфејсто зазема дел од екранот на било која веб страна како и било која друга графичка компонента и влијае врз генералната стилска репрезентација на целокупниот дизајн на веб страната или пак апликацијата. Ова означува дека визулената репрезентација значително влијае врз ефеикасноста на текстот.
Текстот кој се аплицира ќе биде успешен доколку се внимава на користениот фонт, позадината, поставеноста и самиот контекст на текстот. Текстот кој не е добро визуелно презентиран нема да функционира, содржината која е презентирана на добар визуелен начин но нема цел и значење нема да фунцкионира соодветно.
Внимавајте на изгледот и балансот на сите содржини со цел истите да функционираат соодветно.
Фази кога текстот е инволвиран во процесот на дизајн
За време на целокупниот процес, пишувањето на текстуална содржина во одредени фази од процесот на дизајн може да му помогне на целокупниот процес: – креирање на текст кој се презентира пред специфични корисници и користи податоци од истражување за самиот корисник кое може да биде доста ефикасно, креирање на текст кој креира акција на самата страница (креирање на текст за воведен екран, туторијали и совети за користење), креирање на текст за каталози или позиции на мени, креирање на соодветен опси на производите /услугите итн.
Кога тимот за дизајн се синхронизира можеда се креира стратегија која ќе допринесе високо ниво на перформанс на самата страница.
Во секој случај целта е корисникот што подолго да се задржи на самата страница, да дознае што нуди истата и од самиот дизајн и визулен дел да добие комплетна слика за она што му се нуди на самата страница и да го пронајде лесно она што е во негов интерес на истата.