Не е забавно кога поседувате голема база на информации за корисниците, а истите не би можеле да ги искористите барем во насока малку да ги поттикнете нивните реакции :)
Spotify, е голем глобален бренд за емитување на музика со милиони претплатници.
Како таков бренд, презема сериозен предизвик со шегувањето на сметка на вкусовите за музика на своите корисници во новата маркетинг кампања.
Што се деси ?
Интерниот креативен тим на компанијата искористи податоци за корисниците кои слушаат музика на платформата како основа за новиот серијал на реклами кои се емитуваат во САД, Велика Британија, Франција и Германија оваа недела. Кампањата ги нагласува најчудните музички вкусови и избори.
Рекламите го прикажуваат изборот кој стои зад корисниците на платформата и притоа промовираат нов став кон локализираното рекламирање.
Spotify нема зошто да се грижи околу етички проблеми во однос на оваа кампања, всушност како и што кажува самиот маркетинг директор Seth Farbman, големите податоци често ја занемуваат креативноста во маркетингот, па од таму и овој пристап цели кон нов пристап од овој аспект.