„ФАКТОР 24“ е замислен како уникатен ТВ формат кој ќе обработува општествено економски теми од Македонија и регионот, каде на едноставен, јасен и приeмчив начин ќе ги отвари сите интересни прашања кои директно го засегнуваат човекот како единка на системот, компанијата како дел од системот и институциите кои го креираат системот – вели Крсте Шајноски, менаџер на програмската содржина на Фактор.
Концептот на емисијата е преку реализирање на повеќе интервјуа од релевантни соговорници и прилози да се отвори простор за дебата, размислување и анализа.
На емисијата работи уредувачкиот тим на порталот Фактор и новинарот и водител на емисијата Горазд Чомовски, што само по себе претставува гаранција дека на гледачите ќе им биде понудена емисија во која на објективен начин ќе може да го согледаат заплетот, кулминацијата и расплетот на одредена тема, без притоа да се фаворизира одреден став.