Несекојдневна. Храбра. Впечатлива. Провокативна – се атрибутите кои ги носи новата билборд кампања во Скопје реализирана од веб сајтот за огласи за работа, пракси и стипендии – Кариера.мк…
Многу ретки се за жал поводите кога сме инспирирани да пишуваме за билборд кампањи во метрополата на Македонија. Многу од нив се премногу монотони и најчесто поминуваат незабележано. Но не и оваа – каде дел се и Ескобар, Клуни, Трамп, кладилничарите и неколку други “кандидати“
Социјалните мрежи “зујат“ за најновата герила кампања на сајтот за огласи за работа – Кариера.мк во која преку забавни и впечатливи метафори се промовира новиот веб сајт кој цели да ги поврзе работодавците со работниците и да им помогне на луѓето да си најдат нова подобра работа. Кампањата официјално стартуваше вчера, а покрај билбордите, ќе се користат и веб банери, радио и ТВ реклами.