На водечкиот медиски фестивал во регионот Sempl, кој минатиот месец традиционално по 18-ти пат се одржа во Порторож, Словенија единствен претставник од Македонија годинава беше проектот “Полна Чаша“ на агенцијата Меккен Скопје изработен за клиентот Пивара Скопје.
Полна Чаша е долгорочна онлајн корпоративна платформа која овозможува континуирана комуникација и интеракција со потрошувачите на која за помалку од една година беа објавени преку 300 статии и интервјуа, и преку која компанијата успеа да влезе во интеракција со повеќе од 320.000 луѓе, секој месец остварувајќи просечен досег од 460.000 фанови.
Идејата позади овој проект беше веќе постоечката веб страна на Пивара Скопје да се надогради и развие како нов и иновативен концепт кој соодвестува со лидерската позиција на Пивара Скопје на пазарот, обезбедувајќи премин од едноставниот принцип на корпоративно промовирање во креирање на додатни вредности за сите посетители на веб страната.
Полна Чаша ги следи случувањата не само во светот на пивото, туки и во сите области од кои може да црпи интересни и релевантни содржини за нејзините посетители. На платформата континуирано се објавуваат најразлични пивски приказни, правила за пиво и храна, приказни за активен живот, интервјуа со познати спортисти, здравје и безбедност, иновации, животен стил итн…