Максимизирајте ја ефикасноста на вашиот бизнис со овој борбен пристап на планирање.
Војската на Соединетите Американски Држави е високо ефикасна ‘’машинерија’’ која може да спроведе мисија во секој дел од светот. Доколку би го анализирале секој успешен аспект на оваа импресивна организација ќе откриете дека во центарот на организацијата се наоѓа процесот за планирање без разлика на типот на мисијата.
Едноставниот пристап на оваа стратегија е целосно прилагодлив и на бизнис средината.
Овој пристап се нарекува правило на 5 параграфи- секоја од ограноците на војската на САД користи варијации на ова правило во зависност од планираната операција.
SMEAC е акроним кој се користи во војската и се однесува на Редот на 5 параграфи и се однесува на ситуација ( Situation), мисија ( Mission), извршување (Execution), администирање (Administration) , логистика (Logistics) , и комуникациски план (SMEALCP).
Секој пат кога една воена единица се подготвува за мисија таа добро го обработува својот пишан план и се фокусира на тие пет нешта .
Еве како можете овој тип на стратегија ефективно да го спроведете во рамките на бизнисот:
1. Ситуација : ”моменталната слика”
Која е моменталната слика која се однесува на вашиот бизнис развој: продажни цели, маркетинг иницијативи, профит/загуба, биланс, вработени..итн?
Креирајте темплејт за извештај за моменталната ситуација кој се однесува на вашиот бизнис и подгответе го за секоја поголема сесија за планирање.
2. Мисија
Што сакате да постигнете и кои се посакуваните ефекти на целите кои ги има вашиот бизнис?
Обидете се да ја дефинирате својата мисија на следниот начин: ” Ние ќе [вметнете одредена акција] со цел да [вметнете посакуван резултат/резултати].”
Пример: ” Ние ќе развиеме нова продажна кампања и инка со цел да ги промовираме нашите нови иуслуги со цел да ја зголемиме побарувачката од клиентите за 50 %.”
Веќе можеби имате и идеа што е и вашата мисија од поставеноста на процесот на планирање но официјално не сте ја запишале се додека не сте го прегледале ситуацискиот извештај. Со зацртување на планот можете да ги дефинирате клучните податочни точки кои ќе ве насочат кон вистинската траекторија за исполнување на вашиот план.
3. Извршување: Како?
Ова е делот каде вие го развивате својот план за настап со цел исполнување на зацртаната мисија претходно имајќи ја во предвид моменталната ситуација.
Најнапред, развијте шема која ќе го дефинира и нападне проблемот од почеток до крај со цел исполнување на мисијата. Специфичните задачи и назначувања за водење на истите, како и презентирање на истите пред сите инволвирани лица во процесот е добар почеток.
Откако ќе го подготвите планот дефинирајте пошироки задачи. Доколку имате клучни лица за извршување на одредени задачи овозможете им да креираат индивидуални планови со цел подобро да се организираат.
Дополнителен совет: користете планирање од напред кон назад кога креирате временски рамки за фазата на изведба на целите.Ова значи идентификување на соодветно време/датуми за исполнување на критериумите на вашата мисија и притоа во процесот би ја идетификувале секоја една задача која ќе допринесе да ја достигнете посакуваната цел
4. Администрација и логистика: начини за постигнување на целите
Секоја мисија има потреба од идентификување на административните и логистичките барања за извршување на задачите. Разгледајте го извршниот план. Дали постојат формулари кои потребно е да се пополнат или да ги испратите по пошта/мејл..?
Дали би постоеле барања за лиценци или сертификации? Дали ќе биде вклуечно и патување? Летови, изнајмување на автомобили и престој во хотели?
Не дозволувајте ваквите нешта да ве уназадат во исполнување на планот –подгответе се за нив навремено.
5. Комуникациски план
Кај воените единици овој дел се нарекува “команди и сигнали” . доколу антиципирате опасност во вашата мисија добро е да идетификувате кое лице би било задолжено да биде лидер во случај доколку вие не би можеле да ја извршувате таа функција.
Дефинирајте го својот тим, дефинирајте ги нештата кои е потребно да се комуницираат, и до кој овие податоци треба да бидат презентирани и пренесени. Дефинирајте ги заканите за исполнување на мисијата претходно и дефинирајте можни замени кои во најбрз можен рок би ги превзеле водствата на задачитеи одговорностите во тимот.
Имајте ја во предвид и познатата воена изрека , кога веќе започнувате да размислувате за воени стратегии: “Ниту еден план не преживува по првиот контакт со непријателот.” Затоа, не задржувајте се само до првичниот план, бидете во секое време подготвени да го промените курсот на планот во насока на исполнување на посакуваните цели. .