На фестивалот Голден Драм во Порторож, агенциската мрежа во централна и источна Европа Меккен, во која спаѓа и Меккен Скопје, е прогласена за најуспешна мрежа во овој дел на Европа, освојувајќи две Гранд При, пет златни и 11 сребрени награди.
“Меккен својата репутација ја гради повеќе од сто години. Насоченоста кон квалитет и креативност кои придонесуваат кон деловните резултати на нашите клиенти е начин на работа по кој сме препознатливи. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер во сите пазари на кои сме присутни. Седумнаесет освоени награди на Голден Драм фестивалот се потврда дека во овој регион полека се развива креативностакоја сигурно чекори да биде рамо до рамо со креативноста присутна во многу поразвиени региони како што е случајот со западна Европа и Северна Америка.‘‘, изјави Ричард Бонер Дејвис, директор на маркетинг агенцијата Меккен за централна и источна Европа.
По повод ова значајно признание, Срѓан Шапер, основач на Меккен Групата (McCann Grupa), рече: ‘‘Меккен повторно докажа дека е најуспешната агенција која ја ужива довербата од најголемите светски, регионални и локални клиенти. Наградата за најуспепшна агенциска мрежа во централна и источна Европа е уште една потврда на Меккеновата визија да биде најпосакуваниот комуникациски партнер.‘‘