Во организација на маркетинг агенцијата “Маркетинг Микс“, минатиот петок во Штип, се одржа манифестацијата “Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион“.
Др. Ксенија Јанкова, сопственик на приватната здравствена установа „Дента Лукс“ од Радовиш e прогласена за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион за 2016 година. Таа освои најголем број гласови од страна на публиката која гласаше на фан страницата „Жените во економијата“.

“Со оваа манифестација се стремиме кон промоција на жените лидери и нивните бизниси од овој регион во целата држава и истовремено ја стимулираме можноста за нивен дополнителен развој преку вмрежување со останатите компании и поттикнување на идни соработки и нови проекти“ – вели иницијаторката Лилјана Варадиновска, сопственик и директор на “Маркетинг Микс“.
Победнички по категории, според гласовите на жири-комисијата се:
– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Бизнис со најдолга традиција“: Олгица Бојаџиева, сопственик на Маком Треф плус и ланец маркети „Маком Маја„ Радовиш
– Најуспешна жена претприемач во категоријата на „Бизнис со најголем потенцијал“: Дина Муцунска, менаџер на хотелски комплекс „Манастир“ , Берово
– Најуспешна жена претприемач во категоријата„Бизнис со најголем раст“: Жаклина Мицова, сопственик на ланец бутици Леди Ди, Кавадарци
– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Бизнис со најхумана димензија“: д-р Цеветанка Манева Самарџиска, сопственик на специјалистичка ординација д-р Самарџиски Штип
– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Најмлад бизнис“: Ивана Тренадафилова, сопственик на Атајле Ивана, Штип
– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Најкреативен бизнис“: Сузана Младенова, менаџер на Цвеќара Мимоза и ресторан Ројал Парк-Струмица