Проширената реалнст со Junior Meal е дел од напорите на Бургер Кинг за зачувување на природата…
Бургер Кинг во своите ресторани во Јужна Африка почна да ги укинува пластичните играчки, а ќе ги замени со игри со проширена реалност (AR) под назив Defend the King.
Потрошувачите треба да ја превземат апликацијата за Андроид или iOS, а потоа кога ќе купат Junior Meal во ресторанот, се` што треба да направат е да ја активираат апликацијата, да го скенираат кодот за игра кој доаѓа со нарачката со помош на камерата од својот телефон и играта за спасување на кралот почнува.
„Отстранувањето на играчките е иницијатива на Бургер Кинг за намалување на количината на пластика која завршува на депониите, и пронаоѓање на решенија кои ќе ја чуваат животната средина“, изјави Ezelna Jones, маркетинг директор за Бургер Кинг во Јужна Африка.
„Ние живееме во дигитална доба… па заради тоа развивме игра која е интересна и интерактивна“, додаде таа.
Во текот на играта корисниците треба да го бранат кралот со избегнување на мини и роботи.