Што велите 2017-та да биде година за експанзија на Вашиот бизнис?Сакате да се пробиете на најголемиот пазар во светот и да наплаќате многу повеќе отколку кога сте ценовно достапен изведувач (outsourcing)?
Expand Your Business In The U.S. (ЛИНК) е можност Вие лично да дојдете во Соединетите Американски Држави и да го проширите Вашиот бизнис тука. 50+ искусни инвеститори, бизнисмени, адвокати, сметководители, банкари, консултанти… ќе работат со Вас за да успеете. Меѓу нив се Mike Zafirovski, менаџери на Fortune 500 компании, инвеститори…
За кого е наменета програмата?
За директори, менаџери и сопственици на компании кои се успешни на локалниот и регионалниот пазар и сакаат да се пробијат на aмериканскиот пазар.
Посебно интересно за маркетинг компании
Aмериканскиот пазар е најголемиот пазар во светот за маркетинг. Во 2016 во САД компаниите потрошија 200 милијарди долари на маркетинг. Сега имате можност да земете и Вие дел од овој пазар.
Истражувањата и праксата покажаа дека ако се трудите да се пробиете сами, може да Ве чини повеќе од 300 илјади долари и 2 години работа. За да не лутате и губите време и пари, оваа програма Ве опремува со потребната поддршка и ги зголемува шансите за успех.
За програмата и менторите
Програмата е препорачана од Mike Zafirovski, еден од менторите и поддржувачи на програмата:
“MakeBiz.us е програма специјално дизјанирана за оние бизниси кои сакаат да се прошират надвор од границите. Доаѓајки од Македонија, ги знам предизвиците со кои се соочувате кога се обидувате да изградите бизнис во Америка. Ја поддржувам програмата и сум во очекување да ги запознаам учесниците. Ако сакате да го проширете бизнисот во Америка, ова е програма која ќе ви помогне.”
Учествуваат 50+ етаблирани бизнис ментори и инвеститори, кои чинат $800+ за само еден час консултации. Ќе имате можност да работите со ментори вклучувајки:
- основачот на компанијата која е најуспешниот “tech exit” во Чикаго (Jai ја продаде компанијата на SAP за повеќе од милијарда долари);
- менаџери од Fortune 500 компании, кои ќе споделат како може да станете добавувач / партнер на голема компанија;
- најетаблираните бизнис ангели и инвеститори во Чикаго;
- адвокати кои ќе споделат трикови за која виза е најдобра и најбрзо може да овозможи “Green Card”…
Како е организирана програмата?
Ова не е саем. Не е екскурзија. Не е МBA програма. Ова е практична програма развиена од претприемачи за претприемачи кои се подготвени да работат за пробивање на американскиот пазар. 30 дена, секојдневно ќе работите на проширување на Вашиот бизнис на овој пазар. Има менторски сесии еден-на-еден, предавања, конкретна работа на развој на бизнис и закажување на продажни состаноци, презентација пред инвеститори…
По учество во програмата
- ќе имате стратегија за како да настапите за освојување на американскиот пазар
- ќе имате мрежа на контакти за развој на бизнисот, вклучувајки клиенти, инвеститори и партнери,
- знаете како да регистрирате претствништво и која форма на работна виза е најдобра за вас.
Кога и каде се одржува програмата?
- Чикаго, САД
- 1-30 април 2017
- Регистрација до крај на февруари 2017
Како да се регистрирате:
Marketing365 е официјален партнер на Expand Your Business In the U.S. програмата за маркетинг агенции.
Може да аплицирате до крај на февруари и програмата по цена од $20,000 да ја добиете по промотивна цена од $9,999. Внесете промо код “MARKETING365” во формата за регистрација. Ќе добиете писмо со покана за вадење на виза.
Форма за регистрација http://makebiz.us/apply/