Британската креативна агенцијата AMV (Abbott Mead Vickers ) која е дел од BBDO мрежата и која во моментов го носи епитетот бр.1 креативна агенција во Обединетото кралство, денеска на јавна сцена ќе ги промовира новите реклами за нивниот клиент Eurostar.
Eurostar се водечки превозник во железничкиот сообраќај, нудејќи брзи возни линии кон Лондон, Парис и Брисел. Кампањата на брз и помалку хумористичен начин прикажува места и случки во Лондон и Парис акцентирајќи го различното искуство кое ќе го доживеат патниците кои ќе патуваат таму.
Насловена како “Maybe” оваа кампања е составена од две по концепт идентични рекламни пораки, една за Лондончани на кои им го доловуваат шармантниот Парис и една за Парижани кои се повикуваат да го запознат Лондон.
Оваа одлична кампања за два од најсаканите градови на светот, свое место ќе има и на социјалните мрежи каде ќе се анимираат патниците да споделуваат што повеќе слики и искуства од нивните патувања во Лондон и Парис. AMV BBDO ангажираше и повеќе блогери кои на “суптилен“ начин ќе треба да ја “продаваат“ приказната.
Во продолжение верзијата наменета за англичаните