На годишното доделување на UEPS признанијата fullservice дигиталната агенција Drive освои сребрена награда за проектот L’Oreal Make-Up. Во прашање е content проект којшто има за цел давање на знаење за најновите make-up трендови, совети и трикови, а кој е реализиран на четири пазари во регионот: во Хрватска, Словенија, Бугарија и Србија.
“Горд сум на Make-Up content платформата, заедно со соодветните канали на социјалните мрежи, кои станаа едно од приоритетните места на кои жените ја пронаоѓаат својата make-up инспирација. Овај проект е резултат на успешната соработка со агенцијата Drive, корисните инсајти поврзани со make-up навиките на жените на Балканот и добрата координација на тимовите во регионот,” изјави Никола Иванов, шеф за маркетинг и дигитал во компанијата L’Oreal.
Овај регионален content проект за речиси една година од реализацијата, постана платформа од доверба во рамките на својата целна група, што ја потвдува и соработката со водечките медиски куќи и влијателни блогери. Сето тоа овозможи раст на make-up заедницата, како и максимален досег на содржина која опфаќа статии за најновите трендови, туторијали и содржина креирана од водечките make-up блогери во регионот.
“Големо е задоволството кога колегите од струката ве препознаваат како генератор на добри идеи и креативни дигитални стратегии. Проектот Make-Up за кратко време оствари сјајни резултати благодарение на посветеноста и флексибилноста на сите кои учествуваа во него. Клуч за успехот е е атрактивна содржина која лесно може да се пронајде со едноставно пребарување, а која е релевантна за целната група, изјави Јелена Анџелиќ, директор на агенцијата Drive.
За само шест месеци, објавени се повеќе од 500 авторски текстови, Make-Up сајтовите имале повеќе од 400.000 единствени посети, преку милион прегледани страници, повеќе од 380.000 прегледи на YouTube каналот и 20 милиони импресии. Еден од најинтересните податоци е дека повеќе од 70% од сообраќајот на страниците доаѓа од мобилните уреди.
Повеќе за проектот можете да погледнете во видеото подолу: