Првите денови од новата година се идеално време за да фрлиме поглед на некои од најважните ПР трендови кои не очекуваат во претстојниот период.
Ставовите подолу се на Mike C. Gray, дел од агенцијата Commonwealth Partnerships а првично се објавени на порталот PRNewsOnline.
Постојат бројни лекции на кои 2016 не научи, но едно е непобитно: PR индустријата се подготвува за значителен раст.
Што ќе биде важно во 2017?
1.Новинарите ќе имаат најголемo значење досега
Ако постои една лекција која сите ние треба да ја научиме од минатата година, тоа е дека новинарите ќе имаат поголема вредност од било кога, кога станува збор за фактите, сега повеќе од било кога претходно. Некои од најголемите медиумски куќи во САД беа комплетно неподготвени во 2016 година за големите вести од корпорациите и политички изненадувања. Зад оваа медиумска неспремност постојат повеќе одговори. Една од најголемите причини беа големите цифри кои беа прикриени како факти, а другата можеби и најспорната причина од сите беше прорагандата на лажни новости.
Не постои подобар пример од падот на Theranos, компанијата за тестирање на крв со седиште во Palo Alto. Истражувачкиот натпис на The Wall Street Journal напишаш кон крајот на 2015 година со себе ја повлече завесата на она што многумина во бизнисот, здравството, технологијата мислеа дека ќе биде ‘’дијамантот на Силиконската долина’’.
”Во реалноста, царот немал облека целото време.”
Статијата на списанието предизвика домино ефект на следните статии, тужби и девалвации. Многу новинари јавно признаа дека при покривање на статиите за Theranos требало да ‘’копаат подлабоко’’ и да побараат одговорот на повеќе прашања поврзани со технологијата на компанијата. Со оглед на тоа како овие приказни доминираа во медиумите изминатата година, уредниците веќе обрнуваат поголемо внимание и им даваат инструкции на своите новинари да се погледнат повнимателно во фактите и податоците кои им ги испратиле професионалците од полето на односите со јавноста.
2.Истражувањата од трети лица ќе бидат од клучно значење за акредитирање на теренот
Многумина во PR индустријата умеат да ја препознаат важнста на истражувања спроведени од страна на трети лица или универзитети, тинк-тенк или непрофитни организации кои може да ги зголемат шансите за успешно превземен потег. На ист начин како и претходниот тренд, медиумите стануваат поинформирани околу информациите што ги добиваат сега, особено доколку станува збор за доктор, компанија или организација со која тие не се добро запознати. Ова е и една од причините зошто зголемувањето на достапните проверени информации од трети лица (препознатливи извори на податоци) ќе имаат поззначајна улога во 2017. Исто така, во контакт со истражувачи, би се обезбедиле и дополнителни извори кои со своето учевство во одредена ‘’приказна’’ би придонеле кон добивање на порелевантни и корисни информации.
3.Управувањето со репутацијата добива големо значење и важност
Како што се шири низната на одговорности на PR индусријата, управувањето со угледот (репутацијата), ќе го заземе своето место цврсто на оваа листа на PR активности.
Започнувајќи од медиумското покривање, застапеноста на социјалните медиуми и застапеноста на онлајн прросторот, претпријатијата, организациите и поединците ќе се потпираат на комуникаторите со цел обезбедување на повисока заштита и зголемување на нивниот углед.
Во контекст на неодамнешната студија спроведена од страна на Dr. Jonathan Albright of Elon Универзитетот, постои значителна загриженост за уништување на репутација преку лажни извори на вести. Доколку на ова се додаде и неодамнешната експанзија на веб-сајтовите за рејтинг, потребата од професионалци од областа на односите со јавноста да работат активно на овој домен се повеќе се зголемува. Овој брзорастечки феномен ќе продолжи да биде поголем предизвик и во 2017 година. Репутацијата не е нешто што може да се реши со еден клик со дефинираниот алгоритам креиран од IT фирма која испраќа генерички одговори на претставките. Наместо тоа, оваа нова реалност бара внимателно разгледување од страна на професионалци од областа на комуникацијата.
4.Популарноста на видеата во живо продолжува да расте
Како што нашето општество станува се повеќе станува визуелно, видеото во 2017 останува топ тренд. Успехот на видеото во живо, најногу се должи на влијанието на социјалните медиуми. Неодамнешниот извештај од Cisco предвидува дека 75% од мобилниот сообраќај во светот ќе биде поддржан од видео содржини до 2020 година. Дури и доколку оваа проценка е преамбициозна, видеото во живо бележи неколку милијарди прегледи на социјалните платформи како Фејсбук, Periscope и други. Instagram исто така цели кон овој чекор.
Видеото во живо доживеа своја експанзија во 2016 година и ќе продолжи да доминира.
5.Инфлуенсерите придонесуваат повеќе
Слично како и видеото во живо, инфлуенсерите се тренд кој доби импулс во 2016 година. ‘’Influencer ‘’маркетингот ќе се развива во 2017 година, а PR организациите се повеќе ќе се потпираат на инфлуенсерите кои ќе имаат поголема улога како соработници и ќе придонесуваат кон позначајни активности.
Пронаоѓањето на автентични адвокати, кои всушност ќе се поврзат со своите следбеници и вашата целна публика е новиот водич кон трендовите кои ќе донесат постигнување на резултати за брендовите во 2017 година. Овие трендови ќе имаат значително влијание на PR професионалците во текот на 2017 година.
Дали и други трендови се во игра во 2017 година?
Се разбира дека постојат бројни значајни трендови во 2017 година од кои дополнително би ги издвоиле социјалните медиуми кои ќе продолжат да бидат комуникациски канали со голема важност. Идентификувањето на најдобрата патформа за вашиот бренд е од клучно значење. Мерењето ќе остане голем предизвик како за самите брендови така и за PR индустријата.