Компанијата Specavers повторно го покани Daniel Kleinman да го режира нивниот најнов спот од хумористичната кампања “You Should’ve…“ со која се препорачува на оние кои имаат проблем со видот да го посетат овој ланец на продавници за оптика.
Во новиот спор во фокусот имаме водоинсталатер кој е поканет во еден прекрасен француски дворец како би го поправил и испразнил неисправниот бојлер. Тој ја врти славината и налива бројни канти на “некаква“ течност во кофите се додека “бојлерот“ не се испразни.
Но и откако водоинсталаторот ќе си замине, радијаторите повторно се тресат па сопственикот на куќата оди во подрумот да погледне што водоинсталатерот направил….и доаѓа до сознание дека мајсторот “поправал“ погрешна работа.
На овој спот, како дел од истата кампања му претходеше и овој.