Водичот за ‘’преживување’’ на Ad Age ги дефинира промените и предизвиците на годината која е пред нас, почнувајќи од технолошките предизвици, па се до промената на политиките во Washington.
За агенциите, 2017 година ќе биде година фокусирана на изградбата на репутацијата на индустријата.
Водич за преживување на 2017 година
- TRUMP
- кредибилитет
- ’’технолошка војна”
- реални податоци
“Во секоја следна година сѐ помала е довербата помеѓу адвертајзерите и агенциите. Оваа недоверба постои веќе со децении ‘’ изјави Brian Wieser, помлад аналитичар во Pivotal Research. Во однос на прашањата околу транспарентноста и праксата на медиумските агенции кои беа во фокусот кон крајот од изминатата година, започна и истрага околу продукциските медиумски практики која е спроведена од Министерството за Правда во Америка.
Wieser исто така се изјасни и околу неодамнешните активности и информации кои кружат во јавноста и се поврзани со загриженоста околу медиумските практики. ”Тие практики оваа година може да допринесат кон повеќе критики за агенциите. Некои од критиките пак може да допринесат кон нови преговори поврзани со промени на паушалите за работа и обемот на работа.”
Melissa Lea, директор во R3 Worldwide пак, изјави дека консултантската група бележи зголемен интерес во разговорите околу контроли и истраги за финансиските прашања околу сметките од клиентите поради нетранспарентните практики забележни од агенциите. Сепак, таа смета дека агенциите не треба целосно да се обвинуваат за сѐ. Агенции чувствуваат преголем притисок да направат многу повеќе со помалку ресурси , што воедно не им дава за право да работат прикриено, но сепак оваа состојба “доведе до општ недостаток на транспарентност”.
Таа додава дека дека агенциите и партнерите треба да бидат поотворени едни кон други и да зборуваат отворено за фактот дека маргините продолжуваат да се намалуваат а буџетите да се стеснуваат.
Во октомври на конференцијата на Асоцијацијата за национални адвертајзери ‘’Masters of Marketing’’ одржана во Orlando, бренд менаџерот на Procter & Gamble Co., Marc Pritchard во својот говор нагласи дека компаниите е потребно да го намалат притисокот кој го вршат врз агенциите. “Последните неколку години беа особено тешки за агенциите вклучувајќи ги и тие на P&G’’. “Време е оваа страница да се сврти. Негативните критики потребно е да запрат затоа што вработените во агенциите се добри луѓе кои придонесуваат во кеирањето на магијата зад приказните на брендовите. Пренасочувањето на позитивната енергија од луѓето, може да ја креира најдобрата позитивна ‘’експлозија’’ на креативност која светот треба во иднина да ја гледа.’’
Гледиштете на Pritchard во основа дава голем поттик за агенциите во поле кое има големи побарувања од нив посебно во делот на работата на традиционалните продавници кои се соочуваат со брзо растечката конкуренција креирана од дигиталните компании кои ја имаат поддршката на консултанските компании како Accenture, IBM и Deloitte.
Wieser во следниот период предвидува соработки помеѓу холдинг компаниите и традиционалните консултантски компании кои можеби во иднина би делувале како заеднички ентитет.
Друг тренд коj потребно е да се истакне е стабилниот раст на дигиталните продавници кои се дел од трендот на дигитална трансформација кој според Lea всушност ја трансформира целата индустрија и започна да станува сеопфатен тренд.
“Дигиталните агенции имат можеби и подобра позиција за подобро и пошироко разбирање, a воедно и апликативност кога станува збор за потрошувачкото искуство, ние гледаме како дигиталните агенции добиваат се поголемо парче од колачот за маркетинг.”
Како ќе изгледа агенцијата на иднината?
Во соглесност со Lea, не постои тајна состојка која ќе помогне во креирањето на совршениот модел- кога станува збор за клиентите, за секој клиент потребен е различен сет на стратегии и пристап.