Компанијата Apotek Hjartat од Стокхлом, Шведска ја ангажираше агенцијата Akestam Holst да смисли некоја иновативна кампања за почетокот на 2017 која ќе ги мотивира пушачите да престанат да пушат.
Агенцијата неспорно соодветно одговори на предизвикот и креираше дигитален билборд кој може да осети дим (со помош на дим-детектори поставени на билбордот) и “да се накашла“ кога некој пушач ќе помине покрај него….