Вечерва со почеток од 19 часот во Музејот на современа уметност во Скопје се отвора изложбата “Ничија земја”.
Односот помеѓу „јавното“ и „приватното“, меѓу „катафатичкиот“ и „апофатичкиот“ простор е утробата на „Ничија Земја“.
Неговиот примарен фокус е структуралната перихореза, корелацијата и контрапунктирањето на искривените но алузивни „иконични“ урбани монументи и авторските созданија составени од субјективни реалности, фрагментрираност и дематеријализирани микро локации, географии и мулитикултурни истражувања на формата и волуменот.
Суптилната игра на интерархитектуралните еха и алузии нèнамамуваат да ги дијагностицираме невротичностите на нашата култура преку архитектонски криптограми на фантазмогоричниот „отворен град“ создаден од есхатолошкиот архитектонски извик/загатка за можноста на liberté, égalité,fraternitéin toto.
Набљудувачот, влегувајќи во тунелот низ илуминираната „мала врата“ е конфронтиран со слики и симболи на големите човечки очекувања; град кој е “препознатливо непрепознатлив“, ефемерен како „сон за еден град“, застрашувачките илузии за „земја без граници“ кој праќа повик за претопување во ничиј пејзаж.
автори:
Стојан Павлески
Иван Симеонов
Љупчо Тасевски
Ѓорѓи Радовановиќ
соработници:
Натали Р. Павлеска
Влатко Чавкоски
Ристо Кокалановски
комесар:
Иванка Апостолова
куратор:
Стојан Павлески