Компанијата Babylon во Велика Британија направи кампања која се поигрува со навиката на луѓето на интернет да прабаруваат симптоми поврзани со нивното здравје, наречена сајберхондрија.
Плакатите, кои ги изработи агенцијата Ogilvy & Mather London, прикажуваат пребарувач со одговор на прашањата кои интернет корисниците редовно ги поставуваат, како што се „губиток на коса“ и предложен одговор „Дали мислевте: Еректилна дисфункција?“; потоа „Главоболка“ и „дали мислевте: Тумур на мозокот?“ и еден пример на интуитивно дополнување на текстот во пребарувачот „Болка во грлото…“ со дополнување „вашата сопруга ве изневерува“.
Слоганот на кампањата е „Не прашувај на интернет. Прашај вистински доктор“.
Апликацијата на Babylon дава медицински совети, кои ги обезбедуваат вистински доктори како одговор на прашањата на корисниците. Корисниците на апликацијата исто така можат да разговараат со доктор или терапевт по пат на видео линк преку апликацијата, како и да нарачаат тестови, рецепти и испорака на лекови.