Како што маркетингот се менува со достапноста на податоците и технолошкиот напредок, рекламните агенции сега треба да се натпреваруваат за бизнисот со новиот ривал- консултантските фирми, како на пример Accenture и Deloitte.
Оваа тензија се создаваше во текот на изминатите неколку години за денес да добие голем размер. Deloitte направи аквизиција на неколку креативни агенции, додека пак Accenture Digital минатата година беше наименуван како најголемата и најбрзо-растечка дигитална агенциска мрежа.
Рекламните агенции треба да одговорат на предизвикот затоа што она што во минатото беше само потенцијална закана, сега е вистинска закана за нивниот бизнис модел.
Консултантите се натпреваруваат со традиционалните агенции, еве да го земеме примерот за Del Monte Food кој го изнајми Epsilon, консултантска компанија.
CMO-ата денес добро разбираат дека стратегијата базирана на податоци, а не само креативната стратегија е водечка сила за раст.
Податоците им овозможуваат на компаниите да ги откријат податоците за нивните потрошувачи и да водат кон соодветна иновација на производите. Податоците исто така се и клуч за креирање на одлично корисничко искуство кое е мерливо сведено на индивидуално ниво.
Судир на бизнис модели
Бизнис моделите на креативните и консултантските компании се судираат. Како што консултантските агенции кои имаат силна позадина во бизнис стратегијата и технологијата на претпријатието, додаваат креативни агенции во својот арсенал на решенија, големите рекламни агенции ја зголемуваат и прошируваат својата понуда исто така.
Omnicom, на пример ја креираше Hearts & Science, интегрирана дигитална агенција која ја користи технологијата за да ги мери врските создадени со потрошувачите.
Агенциските мрежи како Publicis Groupe и WPP исто така отвараат свои преставиштва веќе некое време што може да ја отвори вратата за дополнителен креативен профит и пошироки маргини. Агенциите кои немаат in-house консалтинг треба да покажат дека тие ја разбираат бизнис стратегијата и улогата на технологијата во маркетинготт со цел да бидат во тек во трката со другите консултантнски компании. Креативноста ќе продолжи да биде голем предуслов за успехот на маркетингот, но таа е само дел од решението кое им е потребно на бизнисите – но не и самото решение.
Прифаќање на податочен пристап
Податоците се клучна алатка за консултантите, а потребно е да се насочат и да станат и алатка за креативни стратегии. Во деновите кога маркетингот беше насочен на една стратегија која одговара за сите медиуми директорите за маркетинг го поставуваа само прашањето :
‘’Кој е најдобриот начин да се зголеме продажбата? ’’. Зголемувањето на свеста околу постоењето на производот типично беше и одговорот на ова прашање, а најдобрата тактика -кеативна рекламна кампања.
Свесноста за брендовите денес не е доволна сама по себе. Потребно е да се создаде и одлично корисничко искуство. Маркетинг експертите ја сфатија оваа стратегија и сега користат податоците за да видат што ги стимулира потрошувачите а што не. За агенциите, ова значи и прифаќање на пристапот поттикнат од достапноста на податоците кој консултантите веќе долго го владеат.
Агенциите треба да ги пренесат не само вистинските пораки за производот туку и да ги користат вистинските алатки кои ќе ја пренесат успешно таа порака и притоа во исто време и да ги измерат добиените резултати.
Ова е причната зошто Razorfish, дивизија на Publicis Groupe, стана партнер на Adobe со цел да изгради своја сопствена дигитална платформа за маркетинг.
Инвестирање во техички талент
Агенциите ја имаат можноста да ги променат своите понуди но за да го постигнат тоа потребно е да надминат одредени предизвици. Изнајмувањето на талентирани индивидуалци е тешка работа затоа што агенциите не секогаш имаат доволно средства за да најмат персонал кој ќе ‘’плива’’ успешно во дигиталните и податочните води затоа што ресурсите се ‘’врзани во инфраструктура’’ која и служела на ерата кога ТВ сеуште бил доминантен медиум.
Иако телевизијата сеуште има удел од 40% од агенциските буџети, многу агенции преминуваат од ТВ кон дигитално рекламирање што всушност би значело дека агенциите сега ќе треба да најмуваат софтверски инженери, дизајнери и аналитичари кои ќе користат алатки со кои ќе го подобрат корисничкото искуство и ќе се насочат кон она што го сакаат клиентите.
Оваа трансформација може да биде тешка за агенциите чии акции се тргуваат , кои всушност не можат да ги продадат така лесно старите бизнис единици и да започнат со креирање на нови.
2017 година ќе биде пресвртна година за агенциите. Оние кои не се фокусирани на технологијата може да се најдат под лупата на потрошувачите. Со оглед на искуството во делот на бизнис стратегиите, консултантите беа поуспешни во добивање на креативни таленти и купување на компании наместо маркетинг агенциите.
Но агенциите можат да се осмислат и насочат кон нови стратегии со цел да им се отворат нови врати во бизнисот.
За бизнисите кои ќе го преземат овој чекор, многу е битно да се истакне дека потребно е да размислуваат како консултанти и да понудат широка палета на технички решенија во согласност со потребата на денешниот пазар.