Зошто музиката е толку важна во маркетингот и рекламирањето и кои стратегии треба да се користат за рекламите да бидат ефективни?
Влијанието на музиката врз нашето расположение, емоции, перцепции и вкусови е често повеќе присутна отколку што свесно тоа го искусуваме. Психологијата зад механизмот за тоа како музиката влијае врз нас сеуште не е доволно разбран. Музиката често се користи во маркетингот и рекламите со цел да ја донесе поблиску до нас приказната за производот и да го постигне посакуваниот резултат од самата реклама.
Тогаш кои се најефективните начини на кои може да се користи музиката во маркетингот и рекламирањето?
Ви презентираме неколу примери проследени со видеа кои потсвесно ќе ви помогнат да ја разберете пораката која брендот се обидува да ви ја пренесе преку спотот.
Ви предлагаме прво да ги погледнете видеата без звук, а вториот пат со звук со цел да ја препознаете разликата!
1. Музиката привлекува внимание
Во ерата на медиумски платформи како YouTube видео и аудио содржините достапни се во избилие. Зошто некој би гледал реклама на оваа платформа кога постои опцијата да се затвори видеото по неколку секунди и да гледаат видеа кои не се однесуваат на продажба?
Доколку видеото го привлече вашето внимание веднаш и ве направи љубопитни да го гледате и првите неколку секунди на YouTube платформата тогаш оваа реклама успешно била таргетирана и секако приказната зад неа е успешна.
Еден од начините за креирање на успешна видео реклама е преку музика:
– Во позадина може да се емитува музика која целната публика ја сака и поверојатно е дека ќе го изгледа видеото поради тоа што сака да ја слуша позадинската мелодија;
– Од друга страна пак може да се креира тензија преку различни формати на музика и да се креира тензичност додека се гледа спотот и притоа да се очекува крајот на спотот со нетрпение поради дадената мелодија;
– За крај можете да користите музика која ќе предизика љубопитност кај гледачите.
2. Музиката додава дополнителен квалитет на рекламните спотови
Кога гледате некое видео придружено со музика од една страна се фокусирате на темпото на настаните во спотот и начинот на кој се менува самото темпо на музиката додека се менуваат и самите настани, а од друга страна пак, квалитетот на музиката дава и соодветен квалитет на самото видео.
Добар пример за ова се рекламите за автомобили.
Често рекламите за автомобили се пропратени со класична музика во позадина. Причината за ваквиот музички избор е затоа што овој тип на музика има висок стандард, добар квалитет и донесува одредена смиреност и сигурност кои лесно може да се асоцираат и со самиот автомобил од страна на гледачите.
3. Музиката евоцира емоции
Музиката на многу начини може да евоцира спомени. Во рекламната индустрија емоционалниот одговор кога се повторува повеќе пати може да води кон условување.
Еден од примерите со кој може да се објасни оваа условеност се празничните Божиќни рекламите на Coca Cola. Сите позитивни емоции кои ја пропратуваат ова празнична сезона на возбуда и очекување на радост на некој начин поради овие спотови директно ги поврзуваме со рекламите на Coca Cola.
Се сеќавате ли на рекламниот спот со позадинската ‘’Празници се ближат?’’
4. Музиката пренесува порака
Постојат безброј начини на кои може да се пренесе порака преку музика. Невербално можете да го изразите она што сакате да го пренесете преку темпо, мелодија, хармонија, инструментализација, артикулација, експресија или избор на музички жанр. Вербално пак стиховите на самата позадинска музика може да ја пренесат сами по себе пораката која сакате да ја пренесете.
5.Музиката ги надминува бариерите
Музиката е универзален јазик. Замислете дека сте во Тајланд и гледате реклама на ТВ. Што нема да разберете? Јазикот?
Тогаш доволна ви е само музиката и сликите од производот кои треба да се доволно живописно претставени за да разберете за што всушност станува збор – ништо повеќе!
Друга бариера освен јазикот во рекламите може да се возраста и знаењето. Вашите дедовци и баби можеби не знаат што всушност е iPad поточно, но може да добијат претстава за статусот на производот по звукот на музиката и квалитетот на сликите во позадината на самата реклама.
6.Музиката го подобрува меморирањето
Преку бројни експерименти покажано е дека кога видеото и аудиото се комплементарни едни на други водат кон подобро паметење на информациите за споделената порака во спотот. Џингл кој лесно се пее и има одлична мелодија најдобро може да допринесе да се запомне рекламата за некој производ.
7. Музиката ја подобрува апсорпцијата на информации
Во динамичното општество и време во кое живееме, како и опкруженоста со бројни информации секојдневно може да допринесат потешко да се фокусираме само на едно нешто во одредено време. Звукот во спротива на визуелните импресии, не зависи од директната визуелна поврзаност.
Музиката може да помогне подобро да се апсорбираат визуелните податоци од спотот- ова се должина способноста на музиката да евоцира емоции.
Гледајте го видеото без звук прво. Забележете како визуелните импресии сами по себе не се доволни за да ве внесат во самата приказна. Потоа повторно гледајте го видеото со звук и почувствувајте ја разликата.