Дали постои поголем предизвик од креирање на кампања по повод педесет годишнината на еден од најголемите и најомилените српски брендови на сите времиња? Притоа, задачата не е едноставна, да се креира кампања која ќе им се допадне на сите – затоа што Плазма сакаат сите
“Јадеме и уживаме во Плазма од раѓање. Веројатно не постои личност во Србија која своите и туѓите родендени не ги прославувала со торта направена од Плазма кекс. Запрашајте се само колку желби се замислени пред свеќичките кои горат на Плазма тортите, колку најубави моменти во животот на луѓето се помешани со вкусот на Плазма и ќе ви биде јасно колку нашата задача беше тешка, но и убава. Значи, нашата омилена Плазма го слави својот педесетти роденден и сите сме поканети. Сите славиме оваа година, собрани околу иста торта, со безброј соништа и желби во срцето и со една песна на усните. Бидејќи се` што ни треба е со нас веќе 50 години,” изјави Милош Пауновиќ, Copywriter во агенцијата McCann Белград.
“Ова е голема и важна година за сите нас кои се грижиме за Плазма. 50 години е јубилеј со кој ретко кој бренд на нашиот пазар може да се пофали и ние сме сигурни дека со оваа кампања ќе ги зацврстиме сите оние вредности кои ги претставува Плазма и заради кои толку ја сакаме,“ изјави Марија Ракиќ, бренд менаџер на Плазма во компанијата Бамби.
Омилениот српски бренд слави голем јубилеј и во кампањата е вложено многу љубов, но и вонвременскиот глас на Бисера Велетанлиќ. Песната “Се што мене ми треба” веќе после првите емитувања на ТВ спотот го привлече вниманието на гледачите, а е компонирана наменски за 50 години Плазма. На неколку фанови нумерата толку им се допадна, што покренаа иницијатива за снимање на цела песна, со објаснување дека им го доловува она убаво чувство кое ги следи прекрасните животни моменти поминати во друштво со најмилите.