Петото издание на националниот хрватски фестивал “Денови на комуникациите“ ќе се оддржи од 30 март до 2 април во хотелот Лоне во Ровињ, во организација на HURA и IAB Хрватска. Секое ново издание на “Денови на комуникациите“ посветува внимание на интеграцијата на трендовите и професијата во склоп на индустријата за деловно комуницирање, а истата визија продолжува и со овогодинешната програма.
После интеграцијата на online и offline, креативноста и ефективноста, па Cannes и Хрватска, оваа година фестивалот ќе ги интегрира огласувањето и односите со јавноста преку нови програмски содржини и предавачи, како што е поранешниот консултант на партијата SDP, Алекс Браун. Организаторите посебно го истакнуваат продолжувањето на траењето на фестивалот на полни три дена.
“Индустријата на деловни комуникации сведочи на настанувањето на новите комуникациски алатки и канали, а во склад со тоа и агенциите се “вооружија“ со нови знаења. Таквиот целовит поглед на комуникациите ги одразуваат и овогодишните “Денови на комуникациите“ со теми од светот на ПР-от и огласувањето. Со оглед на тоа дека интеграцијата не е еднократна и конечна цел, нашиот пат го гледаме како чекор поблиску до тој идеал. Се наоѓаме на 356,99 степени интеграција, најавувајќи ја така посветеноста да држиме корак со трендовите во индустријата и да го усовршуваме фестивалот“ – рече Давор Брукета, претседателот на Управниот одбор на HURA, по повод промовирањето на новото издание на фестивалот.
Во склоп на програмата посветена кон односите со јавноста, најголемо име секако е Alex Braun, “магионичарот за кампањи“ – како што го прогласи Forbes и Консултант на годината во изборот на Американското здружение на политички консултанти. Овој стручњак за политички маркетинг остави свој траг и на хрватската политичка сцена за време на соработката со партијата SDP. На “Денови на комуникациите“ предавање ќе оддржи и легендата на огласувачката индустрија, ко-основачот на легендарната американска агенција Crispin Porter + Bogunsky, г-дин Chuck Porter. Под негово водство CP+B беше прогласена за Агенција на векор (Advertising Age) а тој заедно со Marth Steward и Michael Dell е вброен од листата на 26 најфаснинантни претприемачи.
Заедно со пројните предавачи и нивните инспиративни примери од праксата, посетителите ќе можат да учествуваат и во низа работилници и натпреварувања кои оваа година се унапредени со нови правилници. Огранизаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават во што поголем број. Пријавите за натпреварување за наградата Effie, која се доделува на најефективните агенции и огласувачи, отворени се до 20 февруари. Агенциите своите проекти на натпреварувањето за најдобри дигитални проекти, Mixx можат да ги пријават до 5-ти март, додека пак пријавите на IdejaX ќе бидат отворени до 10 март.
На денови на комуникациите 2017 организаторите очекуваат рекорден број на учесници од Хрватска и целиот регион, а овојпат нив ги чека и побогата програма за уште еден ден. За повеќе информации околу фестивалот, цените на котизации и достапните пакети за сместување можете да ја погледнете официјалната страница на фестивалот: www.danikomunikacija.com.