Психологијата на боите соодејствува со убедување и е еден од најинтересните и најконтраверзни аспекти на маркетингот…
Теоријата на боите сама по себе е од комплексна природа и затоа добро е да се истражува и ова поле кога станува збор за маркетингот…
Дали знаевте дека:
– Жолтата боја во психологијата е најсреќната боја во спектарот на бои.
– 75% од моливите кои се продаваат во САД се жолти.
Погрешна претстава за психологијата на бојата
Што значат боите?
Како што покажуваат бројни истражувања боите имаат одредени значења кои може да се гледаат од повеќе различни аспекти како: лични вкусови, искуства, културни разлики, контекст…но често се случува да се создаде генерална претстава за влијанието на боите која често го засенува ефектот кој боите го имаат на индивидуално ниво.
Идеата дека бои како жолтата која веќе ја напоменавме во погорниот пример и лилавата на пример, може да предизвикаат хипер-специфични емоции е исто толку точна како некој да ви гледа на дланка или во кафе.
Клучот е да го согледаме практичното влијание на боите односно од практичен аспект да одлучиме која боја ќе ја користиме.
Влијанието на боите во брендингот
Прво да го споменеме брендирањето која е една од најважните теми која се поврзува со перцепциите за боите и често е една од областите каде треба да се обрне поголемо внимание.
Досега постоеја бројни обиди да се направи класификација на одговорите на потрошувачите на различни бои. Но во реалноста, изборот на бојата зависи од личните искуства кои индивидуалецот ги преведува во специфични чувства кои ги буди бојата. Меѓутоа постојат пошироки шеми за пренесување на пораки кои се поврзуваат со перцепциите за боите.
Во истражувањето наименувано ‘’Влијанието на боите во маркетингот’’ истражувачите откриле дека до 90% од мислењето за производот се базира на бојата (инстант одлука за еден производ) сама по себе во зависност од дадениот производ.
Во однос на улогата која таа боја ја има во однос на брендингот, резултатите од друго истражување покажуваат дека врската помеѓу брендовите и бојата во основа се однесува на соодветноста на дадена боја за одреден бренд односно дали одредената боја е соодветна за она што се продава.
Друго истражување наименувано ‘’Возбудливо црвена и комплементарна сина’’, исто така потврдува како намерата за купување често е зависна од боите поради ефектот кој тие го имаат за начинот на кој еден бренд е перцепиран, боите влијаат како потрошувачот гледа на идентитетот на брендот кој е во прашање. Еве да земеме пример: дали би купиле Harley Davidson мотор доколку не би ви го предизвикал веднаш чувството кое го имаме за моторите Harley – дека се кул и возбудливи ?
Дополнителни истражувања откриваат дека нашите мозоци преферираат брендови кои веднаш ќе ги препознаат, што во основа ги прави боите клучен и важен елемент во процесот на креирање на идентитет на брендот. Исто така важно е за новите брендови да изберат бои кои ќе обезбедат дистинкција од останатите конкуренти на пазарот но на овој избор исто така добро е да се додадат и аспектите: како и зошто се позиционирате спрема одреден конкурент на пазарот и како ќе искористите одредена боја за да ја исполните таа цел.
Кога станува збор за избор на ‘’вистинската боја’’ истражувачите откриле дека предвидувањето на реакциите на потрошувачите во однос на боите е многу важно. Доколку лицата кои купиле Harley мотор со цел да се чувствуваат ‘’опасно’’, боите кои најлесно ја преведуваат таа емоција треба да бидат искористени на самиот производ. Jennifer Aaker , психолог и професор на Универзитетот Stanford, изврши истражување на оваа тема под наслов ‘’Димензиите на идентитетот на брендот’’ каде назначува 5 клучни димензии (атрибути) кои играат голема улога во идентитетот на брендот.
Брендовите често користат 2 клучни атрибути, но воглавно доминирани се од еден.
Додека одредени бои често се идентификуваат со одреден атрибут ( пр: лилавата со софистикација и црвената со возбуда), скоро секое академско истражување за боите и брендингот ќе ви покаже дека важно е за боите да ја поддржуваат идејата за брендот, наместо да се обидуваат да постигнат некои стереотипични асоцијации со боите.
Размислете околу недоволната точност при генерализирањето на изјава од примерот ‘’зелената боја значи смиреност’’. Во случајот контекстот е непостоечки, понекогаш зелената боја од страна на брендовите се користи за да се истакнат прашања од областа на заштитата на животната средина, друг пат се користи и за да брендира финансиски полиња како Mint.
Кафеавата боја Harley Davidson ја користи во контекст на креирање на својот имиџ, а додека пак брендови како Saddleback Leather — кои се позиционираат во друг контекст ја користат кафеавата боја ја користат за да креираат топло поканувачко чувство или пак чувство кое ќе го зголеми апетитот како реклама за чоколадо кое се топи на пример.
Во основа не постојат специфични насоки за избор на боите за брендот. ‘’Зависи’’ е фрустрирачки одговор но тоа е вистината. Контекстот во кој работи во основа е најважното нешто кое треба да се зземе во предвид кога станува збор за брендот, тоа зависи од чувството, расположението и сликата која брендот или производот ја креираат за себе и која е од големо значење.
Трендови на бои за мажи и жени
На оваа тема едно од најинтерсните истражувања кои би го споделилее со вас е истражувањето Joe Hallock наименувано: “Colour Assignment.”
Податоците на Hallock прикажуваат преференци на одредени бои кога станува збор за половите. Најважните точки кои треба да се нагласат околу ова истражување се изборот на сината боја кај двата пола и големиот диспаритет кога станува збор за лилавата боја. Многу е важно да се напомене дека околината на поединецот, односно културолошката перцепција игра силна улога во диктирањето на боите кои се соодветни за половите, што притоа може да влијае врз индивидуалниот избор. За пример да го земеме списанието Smithsonian, односно неговата насловна страница и притоа низ детали да погледнеме како сината и розевата боја станале асоцирани со момчињата и девојките и обратно.
Дополнителни истражувања во однос на перцепцијата на боите и преферренциите на боите прикажуваат дека кога станува збор за нијанси и дополнителни ефекти, мажите преферираат силни бои додека жените помеки бои. Исто така мажите веројатно би било да изберат нијанси на бои (со додадени црни нијанси), додека пак жените преферираат бои со додадени бели нијанси.
Брендовите често знаат да работат надвор од стереотипите за половите- многу брендови се наградувани затоа што ги надминуваат очекувањата со превземање на вакви ризици.
Координација на бои
Психолошкиот принцип познат како ‘’Изолационен ефект’’ нагласува дека објект кој се издвојува и ‘’стрчи’’ од останатите многу е поверојатно дека ќе биде запомнет. Бројните истражувања на оваа тематика покажуваат дека учесниците успеваат да го препознаат и да се потсетат на одреден предмет/производ кога истиот се издвојува од своето окружување.
Две истражувања кои се однесувале на комбинации на бои, едното служело за мерење на естетскиот одговор, а другото ги истражувало потрошувачките вкусови, исто така укажува дека поголемиот дел од потрошувачите преферираат шеми на бои со слични подтонови и избираат палети кои имаат силен контраст на акцентираната боја.
Во однос на координација на бои ова значи креирање на визуеллна структура која се состои од основни аналогни бои и контрасни бои нагласени со комплементарни бои:
Друг начин за да се размислува околу ова е да се искористи позадина, основа и акцентни бои како што прикажува дизајнерот Josh Byers подолу во насока на креирање на хиерархија на вашиот сајт кој ги ‘’подучува’’ клиентите за тоа која боја поттикнува акција.
Зошто е ова важно?
Размислете на пример дека и бројот на конверзии на вашата страница можете да го зголемите само со промената на бојата на копчето.
Бојата на копчето доколку се промени во црвена може да ги зголеми конверзиите за 21%. Меѓутоа, не смееме да правиме забрзани одлуки кои ќе се базираат на претпоставките кои ги имаме за ‘’моќта’’ на црвената боја. Црвената боја обезбедува силен визуелен контраст. Дополнителни докази за влијанието на боите има и во истражувањето на Paras Chopra објавено во Smashing Magazine. Chopra тестирал како може да дојде до повеќе симнувања на неговата PDFProducer програма и ги вклучил овие варијации во тестот:
Дали можете да погодите која комбинација имала најдобар перформанс?
Ова се резултатите :
Пример #10 добил највисок перформанс над другите. Без сомнеж овој пример прикажува најголем контраст за разлика од сите примери. Ќе забележите дека текстот за PDFProducer е мал и во светло сива боја но текстот за акција (“Download for Free”) е голем и црвен, креирајќи контарст потребен за високи конверзии. Како го дефинираме успехот за ваков тип на тестови. Повеќе логирања на системот или повеќе кликови е една од мерките со која поголемиот број од бизнисите го мерат успехот во овој дел.
Зошто преферираме ‘’небесно сина’’ над ‘’светло сина’’?
Иако различни бои може да бидат перцепирани на различни начини, имињата на боите исто така е важна. Во согласност со истражување наименувано : ‘’Роза со друго име’’, каде од субјектите било побарано да ги оценат производите со различни имиња на бои, на примерот со декоративна козметика, интересните имиња биле одбирани почесто. На пример називот “mocha” повеќе било префериран за разлика од ‘’кафеава боја’’, иако на субјектите им се прикажувала истата боја.
Дополнителни истражувања прикажуваат како истиот ефект се аплицира и на поширок ранг на производи каде потрошувачите оцениле подобро објаснети бои како позадоволувачки за окото наместо едноставно наименувани бои.
Невообичаени и уникатни имиња на бои често делуваат подобро кај производи од желе бомбони до маички. На пример маичка со боја наименувана како “razzmatazz”поверојатно е дека ќе биде изберена пред таа со боја наименувана “lemon yellow.”
Пронајдете ја својата палета
По сите овие примери кој е вистинскиот избор на боја за вашиот бренд?
Вистината е дека природата на бојата е комплексна и можеби никогаш нема да има најдефинитивни одговори на прашањето. Но иако сеуште не постојат дефинитивни заклучоци сепак тоа не значи дека не треба да размислувате критично околу боите кои ќе ги користите за да го претставите својот бренд и својата работа.