Пишува: Кристина Јовановиќ, Арт директор на агенцијата McCann Белград
Дали некогаш сте размислувале за тоа да продадете дел од својата кожа на некој бренд како огласувачки простор? Добро прочитавте, со таа продажба станувате таканаречен “подвижен билборд“. Инфлуенсерите „од уста до уста“ одамна заминаа во заборав, сега на сцена стапуваат оние кои се нешто посмели и помодерни, со слики на себе.
Адвертајзинг агенциите во соработка со брендовите секогаш бараат нови медиуми за поставување реклами. Така што еден од тие пристапи е тетовирањето. По договор, тетоважата може да биде привремена или трајна и на одреден дел од кожата за кој се договара.
Неколку информации за сите заинтересирани. На интернет постојат сајтови на кои официјално можете да се регистрирате за овај вид на рекламирање. Оставете ги своите лични податоци, некој краток опис за вас и вашата кожа(?!) После тоа, заинтересираните брендови можат во секој момент да ве контактираат за соработка. Тие, заедно со своите стручни тимови, бираат луѓе и на тие луѓе, со нивна согласност, дел од телото на кој тетоважата ќе биде најпркладна. Заработката е сосема пристојна и се движи од 100 $ па се до 500.000 $. Среќно на сите!
Додека истражував на оваа тема, наидов на навистина многу „бизарни“ примери. Од тетовирање на порно сајтови на лице, преку големи козметички куќи на разни делови на телото. Постоеја и примери на помали компании кои се обиделе да влезат на голем пазар со необичен маркетиншки трик. Овај принцип на рекламирење започнал уште во 2005 година, меѓутоа минатата година една реклама ја врати во полн сјај оваа идеја.
Сите сигурно сте ја виделе рекламата за Jagermeister “Hunt or be hunted”. Првата “stop motion” реклама направена со тетоважи. На неа работеле врвни тату уметници од Шпанија, како и одличен тим на режисери, продуценти, директори на фотографија, аниматори, арт директори итн. За изработка биле потребни ни повеќе ни помалку туку 100 луѓе, еден човек=една секвенца од рекламата. Изгледало како нешто невозможно. Меѓутоа на првиот кастинг се пријавиле 1500 луѓе. Да нагласам само тоа дека овај пат тетовирањето не се наплатувало во било која насока. Сите сакале да бидат дел од некоја нова историја. Некои од изјавите се фасцинантни. Една од учесничките изјавила дека сака да им раскажува на своите деца, своите внуци и на целата своја фамилија дека е дел од еден видео проект кој ќе остане засекогаш. Друг учесник имал поинаков мотив и сакал да дели нешто со сосема непознати луѓе, за него тоа е романтично. Нешто како веридба едни со други.
Мотивите се различни, моето лично мислење е дека сите слики од оваа реклама се феноменални, но на тоа ниво, цртежи. Меѓутоа, за сите оние кои во овај момент се мислат дали да продадат дел од својата кожа на некој бренд, би ги советувала да најдат некој друг начин на заработка. Тој е траен маркер на одредена фирма на вас. Ако малку подобро погледнеме, ние сме секојдневни амбасадори на одредени брендови. Речиси во секој момент, во текот на еден ден, на себе имаме неколку брендови. Да почнеме од козметика, гардероба, обувки, накит, итн… Дали тогаш е навистина потребно и покрај сите тие брендови, да продадеме дел од своето тело на некој друг заради рекламирање? Дали навистина толку сакаме некој бренд да стои пред портретот на родителите или имињата на децата?
Лично сум голем љубител на тетоважи и на себе имам неколку, за мене убави слики.
Една од тие сликички е симбол на уметничкиот проект на кој работам. Не мислам дека со него сум завршила (мама ако го читаш ова, извини). Меѓутоа, дали би ја продала својата кожа како огласен простор – веројатно не. Ако некој навистина има храброст да го направи тоа и смета дека тоа е негов личен израз спрема било кој аспект од овај вид на марктинг, само напред. Што се однесува до мене, “not my cup of tea”.