Многумина од вработените во полето на јавните односи велат дека го обожаваатт она што го прават. Постојат многу причини поради кои оваа професија е одличен избор за се повеќе луѓе меѓу кои се наоѓа и можноста за подобрување на имиџот на брендовите, постојаната дружба со водечките луѓе во бизнисот, локалните креатори на политики и претставниците на седмата сила – новинарите.
Но PR професиналците често се среќаваат и со написи за тоа како многу и не им се допаѓаат на новинарите.
Можеби тоа е така затоа што PR индустријата вработува нови професионалци( денес повеќе од кога и да е, што во основа би значело дека соодносот е 1 новинар наспроти 4.8 PR професионалци), а од таму доаѓа и потребата за влез во фокусот на новинарите. Ова значи повеќе е-маил пораки, повеќе телефонски повици, полно гласовно сандаче како и следење на активностите на социјалните медиуми. Станува јасно дека на новинарите им доаѓа ‘’веќе преку глава’’ од PR индустријата , иако многумина професионалци од тоа поле прават искрени напори со цел да ги остварат целите и задоволат потребите на клиентите и во исто време да ги почитуваат и преференците на новинарите.
Како и секогаш, комуникацијата поставена на искрени основи е решение кое е потребно за полесно ‘’да тече’’ работата со новинарите и уредниците.
Ова се 5-те нешта кои PR професионалците би им ги кажале на репортерите доколку би имале таква можност:
- ‘’Немаме намера да бидеме штетници’’
‘’Постојат многу прилики во кои би можеле да помислите дека сте следени почесто и поинтензивно од страна на вработените во PR. Ве замолуваме да сфатите дека ние само се обидуваме да ја работиме својата работа. Да, разбираме дека добивате премногу пораки и барања а многу од тие барања губат контекст, содржат многу печатни грешки или пак се упатени до погрешниот уредник.
Од другата страна пак, постојат многумина од нас кои поминуваат доста време крeирајќи добро напишани содржини на кои малку им се обрнува внимание од ваша страна. Доколку нашите написи не се соодветни или пак сме ги пратиле во несоодветен тајминг, ние можеме да го прифатиме тоа. Ве замолуваме издвоете малку од своето време и кажете ни ја причината поради која не сте ги прифатиле.
Кога не добиваме никаков одговор на вниматело изработеното барање, се прашуваме, но и нашите клиенти се прашуваат зошто нашто барање било несоодветно.
Дали е реалистично од наша страна да очекуваме да добиеме одговор на секое поединечно барање?
Најверојатно не, меѓутоа како што напиша Nicole Fallon Taylor, извршен уредник на Business News Daily, во еден свој напис во Muck Rack, “како новинар , открив дека најдобриот начин да се ‘’преживее бурата’’ на следбеници е да им се одговори на сите следбеници поединечно во прво време. Во многу случаеви PR професионалците ќе прифатат одречен одговор наместо тишина.’’
Запомнете дека било кој одговор е подобар отколку да нема никаков одговор.
Доколку ни дадете до знаење дека постои решение на проблемот во нашето барање (можеби сме го пратиле предоцна, или пак можеби имате друга работна позиција од последниот ангажман) ќе се потрудиме да се поправиме следниот пат.
- ‘’Сакаме да ви бидеме од помош – реално!’’
‘’Да, некои испробуваат PR и откриваат дека не е за нив и одлучуваат да ‘’запливаат во други води’’. Многумина од нас разбираат и имаат пасија за добра новинарска пракса (некои имаат и дипломи од новинарство) и искрено сакаме да бидеме од помош за вас. Доколку ви е потребно нешто, ние ќе бидеме тука за вас. Без разлика дали станува збор за извори, креативи, податоци, ние можеме да ги обезбедиме.
Затоа гледајте на нас како извори на податоци. Можеме да ви заштедеме време и да ги обезбедиме податоците кои ви се потребни’’
- ‘’Го почитуваме тоа што го правите’’
‘’Новинарството е тешка работа.
Знаеме дека новинарите имаат тешка задача за која трошат многу работни часови и дека професијата не е доволно добро платена. Работната сигурност во светот на бизнис новостите се менува. Бевме и сведоци дека бројот на весници се намалува глобално, да го земеме и примерот на САД каде бројот на вработени во овој сектор во последните 8 години се намали за 40% односно од 55,000 новинари во 2007 година бројот се намали на 32,900 во 2015 година.
Пред се знаеме дека се трудите да работите најдобро што можете и притоа да споделувате релевантни новости со својата публика.’’
- ‘’Ви веруваме’’
‘’Иако на ова се гледа со сомнеж, поголемиот дел од PR професионалците им веруваат на новинарите со кои работат. Ви веруваме дека ќе обезбедите фер, и непарцијална покриеност на новостите. Веруваме дека вложувате максимален труд да го обезбедите најдоброто од себе со цел да ја споделите вистинската приказна.’’
- ‘’Понекогаш и нашата работа станува многу неблагодарна’’
‘’Имаме клиенти кои не споделуваат информации со нас, клиенти кои инсистираат на повторни измени на нашите внимателно избрани текстови, клиенти кои бараат да ја погледнат приказната пред да биде испечатена или објавена итн.
Запомнете, и ние сме само луѓе и понекогаш без разлика на нашите големи напори, нашите клиенти имаат свои иницијативи покрај договорите со вас.
Новинари- ние ве цениме вистински – затоа дадете ни шанса!’’