-“А ти знаеш кој ми е чичко??“
Оваа реченица… некако чудно… постојано се поврзува со процесот на вработување во нашата држава.“Чичо“ можеби неколку пати добро ја завршил работата, ама многу пати и не…или не барем како што сме очекувале :)
Овој секојдневен македонски феномен е искористен во новата реклама на Кариера.мк, кога вработувањето “со врски“ не испадна како што беше планирано :) Пародија на ситуацијата каде сите чекаат “некој друг“ да им заврши работа. Поука за сите што бараат и нудат “професионалец“.
Кариера.мк е веб сајт за тие што немаат “чичко владика“, за тие што не чекаат од некој друг да “им заврши работа“…и ДА, ќе Ви помогне да ја најдете вистинската работа за Вас..Вие самите!“.