Хумористичните спотови забележаа успех, но и политиката едноставно беше неизбежна…
После празникот на спортот и огласувањето каков што е Super Bowl, Adweek направи листа на најдобрите 5 огласи поврзани со овогодинешниот натпревар. Како што забележува магазинот, огласувачите се обидоа да дадат белег на мрачното секојдневие преку хуморот, или одлучиле директно да ги коментираат политичките прашања, па затоа листата вклучува и комедија и политика, како што можете да видите во продолжение:
- Mr. Clean – Cleaner of Your Dreams
Анимираната легенда на овај бренд од куќата на Procter & Gamble ги засука ракавите и се фрли на работа во овај забавен спот на агенцијата Leo Burnett Toronto. Огласот се врти по интернет веќе цела седмица, што и не е чудно со оглед што прикажува освежувачки, бизарен и забавен твист на познатиот лик, во потполност вреден за Super Bowl.
https://www.youtube.com/watch?v=GDzMxlw2Fgo
- T-Mobile – #NSFWireless
Овај огласувач помалку ги збрка работите на почетокот на натпреварот со својот спот во кој се појавува Џастин Бибер, но тоа го надоместија подоцна во текот на натпреварот со две урнебесни реклами на агенцијата Publicis Seattle во кои Kristen Schaal глуми корисник на ривалскиот оператор Verizon, и која е зависна од болката која и ја нанесува лошата услуга на нејзиниот оператор. Спотот со телефонот беше подобар од овие два, благодарение на совршената “непријатна“ изведба на Schaal додека разговара со службата за корисници.
https://www.youtube.com/watch?v=pNCG9fHGXB0
- Audi – Daughter
Оваа авто компанија во изминатата година направи одлична работа во раскажувањето на приказни за своите производи. За овај Super Bowl, отидоа чекор понатаму со залагање за еднакви плати за жените во сјајно направен едноминутен спот на агенцијата Venables Bell & Partners. Заради политичкиот став рекламата привлече многу хејтери, но брендот исто така доби и многу поддршка за трошење на својот буџет на пораката која е поголема од нив самите.
https://www.youtube.com/watch?v=G6u10YPk_34
- It’s a 10 – Four Years
Најголемото изненадување на натпреварот (барем кога се во прашање ракламите) и едно од најзабавните, дојде од брендот од кој никогаш не би се очекувал ваков урнебесен шарм во полуминутен спот на агенцијата Havas Edge, во кој се измешани политиката и хуморот. „Америко, пред нас се најмалку четири години на ужасни фризури“, вели гласот во позадина. Затоа на вас е да го направите својот дел од работата, така што ќе имате сјајна коса. Свој сопствен стил на фризура. Фризура која ја сакате. Совршено несовршена фризура. Фризура за 10,“ порачува гласот. Во комбинација со сјајни визуели на луѓе со необична фризура, ова беше неочекуван хит на вечерта.
- 84 Lumber – Journey
Приказната за овај огласувач која што Adweek го опиша во посебна статија, беше најфасцинантна на овогодинешниот Super Bowl, а нејзиниот спот е и најсилен. Компанијата која никогаш не потрошила многу за огласување, се истакна со спот од 90 секунди на најголемата сцена за огласување, и донесе порака која ја поддржува имиграцијата и која што ТВ станицата Fox ја одбила. Компанијата го поделила филмот на два дела, од кои еден е прикажан во текот на натпреварот, а другиот онлајн. А во прашање е сјаен спот од Brunner, полн со копнеж и поетска медитација за американскиот сон, онаков каков што некој го гледа од другата страна на границата помеѓу САД и Мексико. Како тактика за вработување, спотот е полн погодок. Како филм, исклучително емотивен. „Волјата за успех е секогаш добредојдена овде“, вели реченицата на крајот на спотот. Убавината и пркосот на таа реченица, после се` што она што е пред неа, ве тераат очајнички да сакате да верувате дека тоа е вистина.