M365: Кој е Никола Илиевски и како настана соработката со Tonino Lamborghini?
Никола: Никола Илиевски е дипломиран економист при Универзитетот Американ Колеџ Скопје на смер Маркетинг и е на крај на своите постдипломски студии на истиот универзитет и смер. Соработката со Tonino Lamborghini започнува преку проектот за редизајн на амбалажите и сегментација на луксузните пијалоци на македонскиот пазар па се до добивање на правото за дистрибуција и продажба на производите на овој бренд на македонскиот пазар преку компанијата А&Е Груп, во која работам како менаџер и можам да се пофалам дека успеавме да станеме нивен официјален дистрибутер. Силно верувам во новиот бренд кој за првпат го носиме на македонскиот пазар, македонците ги сметам за вистински обожователи на квалитетното зрно кафе и сигурен сум дека истото ќе биде препознаено како врвно доживување не само поради звучноста на името кое го носи брендот туку и поради неоспорнит вкус и арома на ова квалитетно кафе.
M365: Македонците се сметаат за луѓе кои сакаат да се дружат и разговараат , а главниот повод за ваквите состаноци е секако кафето. „Ајде на кафе“ е предлогот кој често ќе го чуете. Новите брендови на кафе се секогаш добредојдени, посебно кога името е толку звучно како што е Ламборџини. Првата асоцијација ни се брзите спортски коли, но откријте ни нешто повеќе за овој бренд кој очигледно има многу повеќе што да понуди?
Никола: Ова патување почнува уште во 1981 година кога синот на основачот на Ламборџини, Тонино Ламборџини започнува со дизајнирање и производство на луксузни часовници и аксесоари. Во 1990 година почнуваат и со производство на високо квалитетно кафе како и други луксузни пијалоци: чај, топло чоколадо, водка, вино и енергетски пијалок. Визијата за автентична италијанска кујна ја продолжува со отвoрање на ресторани и хотели низ повеќе држави во светот, денес под капата на овој бренд се произведуваат и наочари, смарт телефони, накит, облека, мебел, опрема за голф и јавање.
M365: Што е она што Tonino Lamborghini го издвојува од брендовите како Lavazza и illy кои несомнено во моментов доминираат на нашиот пазар?
Никола: Несомнено дизајнот и квалитетот се наши најистакнати вредности заедно со традицијата на оваа фамилија да стреми кон најдоброто. Стилот е она по што овој бренд се разликува од останатите и нуди едно поинакво задоволство во самиот чин на пиење кафе. Нашата цел е да го збогатиме обичајот на пиење кафе и да го донесеме доживувањето на едно сосема ново ниво.
M365: Кои се основните канали на комуникација кои ги користи еден кафе бренд како Tonino Lamborghini?
Никола: Покарај традиционалните и социјалните медиуми Tonino Lamborghini организира ПР евенти низ повеќе светски метрополи со учество на познати личности од дизајнерскиот и модниот свет. Неодамна тие имаа соработка со UBS и Bloomberg со кои креираа видео во кое се раскажува целата приказна за фамилијата Lamborghini и производите под капата на овој бренд. Во Македонија веќе отпочнавме со ПР кампања за подигање на свеста за овој бренд, а како дел од оваа кампања се предвидени и настани на местата каде што ќе бидеме присутни со нашата палета со цел едукација и подигање на кафе културата како и начинот на конзумирање на нашата селекција на чеави.
M365: Каква ќе биде дистрибутивната мрежа, каде сè ќе може да се нарача или купи ова премиум кафе?
Никола:Нашата дистрибутивна мрежа ќе биде распостранета низ целата држава што се однесува на ХоРеКа и “офис” сегментот. Производите пак за домашна употреба ќе можат да се набават од супермаркетите како и преку нашата онлајн продавница.