Минатата недела Facebook откри нова ТВ апликација со цел емитување на видео содржини, чекор кој најавува дека платформата станува најголем конкурент на платформи како YouTube каналот како и на традиционалните ТВ канали.
Иако е многу јасно дека дигиталниот тренд е на својот пат кон доминацијата на медиусмкиот и маркетинг просторот, ефективноста на ТВ сеуште ќе продолжи да биде ‘’жешка тема’’ за дискусија во следните 12 месеци.
The Drum во соработка со независната агенција Guerillascope креираа проценка за трошоците кои би ги имале брендовите кои сакаат да се рекламираат на ТВ во ударни термини.
Цифрите подолу се однесуваат на просечната цена на 30 секундно емитување во ударен термин на секоја мрежа, а цените за рекламирање забележано било дека може и да се менуваат во текот на годината.
ITV
“30 секунден рекламен спот емитуван наутро и за време на Good Morning Britain или Lorraine чини во просек од £3,000 до £4,000. За емитување во слот во текот на денот цените се движат од £3,500 до £4,500, додека пак за најгледани термини трошоците може да изнесуваат од £10,000 до £30,000.
Channel 4
Во просек Channel 4 има пониски тарифи од ITV. 30 секунден слот на оваа програма во текот на денот има цени од £1,000 до £2,000. Ударни термини за време на популарни шоу програми како Hollyoaks или пак Catastrophe се емитуваат по цени од £10,000 до £20,000.
Channel 5
Channel 5 е најефтиниот ТВ канал во согласност со проценките на Guerillascope. Типично за дневно емитување на рекламен слот, цената е од £800 до £1,600. Емитување за време на популарни термини може да ве чини од £2,500 до £4,500.
Sky 1
Просечната цена за реклама во текот на денот на овој канал се движи од £150 до £250. 30 секунден слот за време на популарни термини за емитување на шоу програми како ‘’the Simpsons’’ може да чинат од £650 до £1,150.
Спортски канали
Тарифите за полуминутно емитување на рекламен спот варираат од типот на спортот, типот на огласување како и дури тимот кој се натпреварува.На пример цените за рекламирање за време на напревар помеѓу Chelsea и Arsenal имаат различна цена од рекламирање за време на меч помеѓу Sunderland и Hull. Просечната цена за рекламирање на Sky Sports за време на ударни термини варираат помеѓу £60 до £750. Дневните тарифи за каналот се движат од £10 до £50. Тарифникот на Eurosport е малку поразличен. Ударните термини имаат цени од £100 до £150, додека пак дневните тарифи варираат од £50 до £100. Рекламирање во раните часови на BT Sport се тарифира од £20 до £200 за 30` реклама во слот додека пак за време на вечерните часови, тарифите кои се нудат како оние за време на NBA Action на пример, се тарифираат по цени од скромни £5 до £30.
Други дигитални канали
Големите брендови купуваат медиумски простор за рекламирање на Тв канали како Channel 4 или Sky 1, но за разлика од популарните ТВ канали, постојат и дигитални алтернативи за рекламирање кои нудат реклами за оние брендови со ограничен буџет. На пример тарифите на Horror Channel започнуваат од £50 до £150 за рекламирање во текот на денот, додека пак цените за ударни термини достигнуваат од £150 до £300 за реклама.
За рекламирање на канали како Animal Planet, E! и Hum цените за рекламирање во текот на денот се тарифираат по цени од £0 до £50.