После минатогодишниот исклучителен успех на светските огласувачки фестивали, кампањата Малена и Клепетан, која агенцијата Imago Ogilvy осмисли за водата Jana, овие денови доби свое продолжение.
Креаторите на новата кампања овој пат, сакаа кампањата да ја прошират подалеку од Славонски Брод, односно во цела Хрватска.
Малена и Клепетан кои се познати како најромантичниот пар на штркови, односно нивната приказна за штркот Малена со скршено крило и нејзиниот Клепетан, кој секоја година поминува илијадници километри за да се врати во своето љубовно гнездо, стана симбол за љубовта и надежта во верноста и посветеноста.
Како што Клепетан секоја година во гнездото оставал по неколку пердуви, г-дин Вокиќ (кој се грижи за Малена) ги собирал и внимателно ги чувал. Од тие пердуви сега се направени пердув- пенкала, кои обезбедуваат одлична можност со нив да се напише љубовно писмо, или пак да се сподели љубовта со саканите. Првите среќници кои го испробаа тоа, беа децата од локалното основно училиште во Бродски Варош, во чијшто двор се наоѓа гнездото на Малена и Клепетан, кои што во посебно дизајнирани кутии и заедно со перото ги испратиле на адреси ширум Хрватска. Примачот го задржува писмото, а кутијата со перото и новото писмо го упатува на некоја нова адреса. Можеби една од тие кутии ќе дојде и до вас, а ако не, своето писмо на љубов можете да го напишете на www.vodasporukom.com, со помош на калиграфски фонт, кој ќе го напише со перото на Клепетан и го пратите на посакуваната адреса.
Така писмата напишани од перата на љубовта, го започнаа својот пат, носејќи љубов на оние кои ги инспирираат децата, а кои се воедно и знак можеби за идни пријателства и најубава потврда дека љубовта секогаш го пронаѓа својот пат.