IBM преку сосема нов пристап ја прикажа модерната страна на способностите на вештачката интелигенција во исто време за тоа давајќи му ја честа на еден од најдобрите и најголемите Шпански архитекти.
За овогодинешниот Mobile World Congress во Барселона, IBM во проект креиран со помош на својот добро познат Watson super computer и најпознатата работа на архитектот Antoni Gaudí, меѓу која и La Pedrera и la Sagrada Família креираа уникатна скулптура која ја прикажаа на шоуто.
Со помош на користењето на технологијата за визуелно препознавање, Watson анализираше стотици слики од зградите на Gaudí’ покрај кои и дополнителни примери од локална архитектура за да ги разбере трендовите во композиијата и инспирациите.
Со користење на ‘’ AlchemyLanguage’’ софтверот на компјутерот, успешно ги ‘’прочита’’ документите за Gaudí и други архитекти, како и стихови од песни и други документи за историјата и културата на градот.
“Она што релано се обидувавме да го направиме во суштина бепе да сфатиме дали ќе можеме програматично да започнеме да ги разбраме особините на еден одреден стил или архитектура’’ рече Jeff Arn, Watson менаџер во IBM. Watson ги идентификуваше клучните елементи на каталонскиот модернистички стил на Gaudí познат по неговите прекрасни бои и форми, посветени на приодата.
Watson успеа да ги идентификува материјалите кои ги користи Gaudí во своите дела, направи анализа , по комплетната анализа IBM анализираните податоци ги прати до Softlab, кои идеата ја трансформираа во уметничко дело, метална обоеена во боите на виножитото скулптура која виси на плафонот во фоајето каде се одржува настанот на IBM.
“Гледано од наша перспектива, во самиот дизајнерски процес беше очекувано дека некој од дизајнерите или пак експертите ќе го погледне самиот дизајн на сликата во Softlab и нема да се согласува со некои од аспектите , но нештата сосема неочекувано се услогласија во согласност со направената анализа.
IBM и Softlab изградија визуелна репрезентација на социјалната аналитика од реално време со помош на вградениот Watson’s Tone Analyzer API, кој бее поврзан со пулсот на она што луѓето го говореа на самата конференција и она што на Twitter се зборуваше околу конференцијата.
Како што темите се ‘’вжештуваа’’, и коментарите и популарноста растеа и опаѓаа металните синџири на скултурата се подигнуваа и паѓаа. “Во овој случај станува збор за апстрактен пример’’ рече Arn, меѓутоа замислете го овој пример во продажба и кога бренд менаџерот би запрашал: ‘’Што нашата публика мисли за нас, или пак како таа реагирра на одреден коментар’’- ќе се добие поголемо разбрање за самата публика што таа сака преку начинот на кој таа комуницира со вашиот бренд преку одреден медиум.
Оваа недела, IBM ги следеше конверзациите поврзани со темите вклучувајќи роботика, големи податоци, вештачка интелигенција и Интернет на нештата и ги анализираше емоциите како јадост и отвореност кои беа всуност базиани врз основа на тие конверзации.
“За нас е многу и нтересно да можеме да погледнеме како нечиј ден- особено овој на конференцијата е рефлектиран” рече Arn