Ова е една од најголемите мистерии кај мажите: иако мажите може да се екстремно свесни за својот стил, особено за нивните обувки, коли и направи- поголемиот дел од нив не ставаат ништо на својата коса.
Во согласност со истражувањето на Euromonitor ( 2014) наименувано како ‘’Истражување за личниот изглед’’, помалку од една од третина од испитаниците користеле производи за стилизирање на нивната коса. Иако оваа слика полека се менува – бројот на нови производи за убавина и лична нега чиј таргет се мажи, се зголемил за 70% глобално од 2012-2014 година многу од мажите остануваат воздржани кога станува збор за користење на кремови за коса, гелови и различни видови на пасти и восоци.
Проблемот, во согласност со мислењето на комичарот, музичарот воедно и ѕвезда на социјалните медиуми- Rudy Mancuso, помалку се однесува на стереотипите околу стравовите дека кремите за коса се нешто кое го користат жените повеќе од мажите,затоа што мажите не знаат каков тип на изглед да адаптираат на прво место.
“Кога станува збор за постоигнување на стилистички ефекти, секогаш постоело разбирање од страна на мажите. Мажите не сакаат даизгледаат како да се трудат премногу да изгледаат на одреден начин.Идеата за постигнување на одреден стил понекогаш може да делува застрашувачки’’.
Mancuso има база на фанови на Instagram од околу 4.2 милиони следбеници кои го следат поради неговата добра смисла за хумор и начин на изразување. 25 годишниот комичар кој живее во New Jersey и помеѓу своите пријатели го вбројува и Justin Bieber исто така покрај многуте нешта е познат по својата стилизирана фризура која има свој ‘’идентитет и препознатливост’’ како и самиот Mancuso. Ова е и една од причините поради која Axe потпиша договор со Mancuso, како и 29 други момци – добро познати инфлуенсери познати по својот стил и фризураa со цел да креира серија на “Instagroom” видеа со цел да ги упати младите мажи во светот на стилизирањето на косата.
“Ова е прв пат мажи инфлуенсери од различни полиња на работа да се здружат во една заедничка кампања која има за цел да ги инспирира младите мажи да започнат со стилизирање со своите фризури’’ – изјави Piyush Jain, vp na Unilever Haircare , кој цитираше истражување од 2016 спроведено од страна на Edelman Intelligence откривајќи дека иако 65% од испиртаните мажи не ја стилизираат косакта редовно, 93% од оние кои ја одржуваат изјавиле дека со тоа успеваат да се чувствуваат посамоуверено.
Самодовербата е една од темите за која се зборува во оваа колекција на видеа – ‘’Секогаш ја стилизирам својата коса затоа што верувам дека доколку изгледам убаво се чувствувам и убаво’’- се изјасна гејлемор Joshua Ovenshire. Во неговото видео, ѕвездата на каналот за готвење ‘’Cooking Channel’’- Josh Elkin, објаснува дека обрнувавнимание својата коса да ја заштити секогаш кога подгтовува храна како јајца и сланина.
“Секогаш се плашев да ја пуштам својата коса’’ кажува комичарот Anthony Padilla во своето видео надоврзувајќи се со мелодрамата која често може да се види во рекламите за производи за убавина. Благодарение на производот на Axe- Flexible Paste, Padilla ужива во тоа да биде миленијалец.
За својот дел, Mancuso, познат по предизвикувањето на социјалните стереотипи глуми неколку клише карактери (како неговото супер его кое го наименува како Alejandro Gomez, кој е преокупиран со својата коса која често ја допира и мести додека вози.’’
Иако на момците им беа дадени производи на Axe за користење, за оваа кампања им беше дадена и слобода да ја развијат сами пораката која тие сметаат дека најдобро одговара. Нивните Instagram објави беа замислени, креирани и продуцирани од самите инфлуенсери. Секој од нив комично го споделува своето размислување околу рутините за стилизирање на својата коса кои секојдневно ги прави, како и самодовербата која доаѓа од добриот изглед на косата со цел да ја инспирираат својата милионска публика.’’
Пренесувањето на порака до машката публика и не е новитет кај овој бренд. Axe ги револуционизира дезодоранситепред повеќе од 10 години со своите спрееви за тело со мирис на колонска вода .Пораката за младите мажи пренесена беше со едни од најзапеметените видео спотови како “Billions”— кој на сите ни беше добро познат по тоа што секогаш кога мажот на спотот ќе испрскаше неколку пати од својот Axe мирис толпа на жени доаѓаа до него.
Во изминатите неколку години по серијата на спотови со ‘’привлечените жени од мирисот на Axe’’, брендот стиши со своите кампањи и пренесувањето на ваквиот тип на пораки. По оваа медиумска кампања следуваа популарните кампањи за: ‘’Messy Paste’’ од 2014 и “Find Your Magic” campaign од 2016 година.
Со цел да ја задржи својата еволуција во пристапот, новата кампања ‘’Hair Creators ’’ е насочена кон мажите каде со помош на инфлуенсерите (без учевство на жени овој пат) сега се фокусира на активности кои мажите сакаат да ги прават како : готвење, скејтбоардинг, возење и дружење.
За сега видеата привлекуваат големо внимание – едно од нив има повеќе од 200,000 прегледи.
Jason Silva на својот Instagram доби коментари од следниот тип: “Не сум фан на ова што гледам дека го правиш’’, иако Ovenshire добива коментари од типот “Мојата коса е многу важен дел од мојата утринска рутина.”
Mancuso рече дека поголемиот дел од мажите погрешно се убедени дека средувањето на нивната коса е чин кој бара доста време и труд или пак дека е многу тешко да се прави. ‘’ Сакам да го споделам својот секојдневен стил со вас и својата секојдневна рутина со цел да погледнете колку е лесно и безболно да се прави. Ми беше потребно доста време да се пронајдам во одреден стил и она штонајдобро изгледа на мене, но кога конечно го пронајдов својот стил се задржав на истиот. Среќен сум што можам да им помогнам на другите момци да го пронајдат својот стил и самите.’’