Социјалната мрежа го направи првиот чекор при интегрирањето на виртуелната реалност во самата платформа.
По три години откако го купи Oculus, Facebook конечно успеа да ја интегрира виртуелната реалност во својата платформа со помош на нова самостојна апликација.
По аквизицијата, социјалниот гигант направи повеќе чекори со цел да ја прошири присутноста на VR, но до сега ги одржуваше раздвоени социјалните медиуми и виртуелната реалност.
Сега, таа граница е премината, засега барем за некои корисници. Новата апликација за виртуелна реалност е засега достапна само за Samsung Gear VR. Оние кои ја поседуваат направата ќе можат да добијат пристап до 360 степени содржина од нивниот Facebook Timeline.
На кој начин Facebook планира да ја проширува апликацијата или нејзините карактеристики засега останува нејасно.Компанијата одби да коментира повеќе од она што го објави на својот блог.
“Facebook е транспарентен околу својот ентузијазам околу видеото и виртуелната реалност, па со донесување на овие две парадигми во блиска иднина се добива уште поголема смисла за стратегиските цели на компанијата‘’ изјави аналитичарот на eMarketer – Paul Verna.
Од многуте форми на виртуелна реалност, видеото од 360 степени е најлесно и најефтино да се произведе, дистрибуира и да се испроба. Издавачите како The New York Times, CNN, The Economist, National Geographic нудат многу вакви искуства. Новиот видео формат предизвика појава на силни импресии кај гледачите.
Во истражувањето од август, 2016 спроведено од YuMe, добиени се податоци дека корисниците на Интернет во Америка имаат позитивни ставови што се однесува на видеото од 360 степени опишувајќи го како запаметливо и забавно. Иако некои корисници се свесни за постоењето на овој тип на видео, малкумина го користат.
“Во моментот е новитет да се гледаат нештата од поглед од 360 степени, но засега нема голема и битна причина надвор од гејминг светот, а можеби и гледањето на филмови и видео со скриена содржина за користење на VR функционалноста’’ – напиша аналитичарот на eMarketer – Victoria Petrock.