Оваа забавна програма пред се има едукативен карактер бидејќи за време на истата предвидено е да се совладаат основните новинарски правила и кодекси на однесување кога се во прашање телевизијата и радиото како медиуми. Од друга страна пак, со оглед дека водителската професија бара дисциплина, добар говор и дикција, ажурност и концентрација, постојано следење на настани и активности и инфомираност, односно е мултидисиплинарна, но истовремено и многу динамична и забавна професија ќе имате ретка можност за кус временски период да ги совладате круцијалните сегменти на водителството.
Програмата вклучува тримесечна теорија со секојдневна пракса бидејќи праксата е клучна во медиумскиот свет. Предвидено е секој час да се дружиме односно „интервјуираме“ некоја личност од јавниот свет кај нас (музичар, актер, поет, уметник, доктор, професор и сл.). Дел од часовите ќе се одвиваат „на терен“ односно ќе можете да го доживеете процесот на создавање на една емисија (снимена емисија или емисија во живо), како изгледа линковско вклучување, како се прави „стенд ап“, што значи подготовка за интервју и сл. Дефинитивно за сите Вас, едни од најинтересните моменти ќе бидат посетите на некои наши познати телевизиски и радиски шоуа за да можете одблиску да ги доживеете ситуациите кои се пред и зад камерите. Ќе имате и можност да почувстувате што значи „деадлајн“, како се работи под притисок, како се реагира во ситуација кога гостин на емисија во живо нема да се појави или ќе Ви откаже во последен момент… Со завршување на оваа програма, секој ќе биде во можност пред се правилно да се насочи кон водителството односно јасно да знае што сака да работи и во кој сегмент од новинарството се гледа себе си.
Содржина на програмата:
Секое предавање од 3 часа ќе биде искреирано со динамика, возбуда, взаемна почит и задоволство со обострано уживање. Основниот фундамент на предавањата ќе биде суштинското запознавање на телевизискиот и радискиот медиум преку практично работење на најразлични вежби како: создавање на тв сценарија (пишување синопсиси), правилен говор, уредување на емисија и организација на гости, стекнување доверба со соработниците, подготвување прилози, интермедијално претставување, правилни насоки за новинарско истражување односно целосно усовршување на секој индивидуалец во групата. Ќе имате можност и прилика да се запознаете со различни профили на новинари и водители и да научите нешто повеќе преку нивните авантуристички, професионални искуства стекнати во долгогодишното свое работење и кариера (новинари, водители, уредници, продуценти, камермани и останати мајстори во тв и радио работењето).
Динамика:
Целата програма е предвидена да се заокружи со 13 предавања секоја сабота од 17:00 до 20:00 часот, со обостран договор за флексибилност и можна промена во некој термин поради посета на горенаведените тв и радиски студија и снимање на прокети и емисии.
Завршен проект:
Создавање ТВ или радио емисија за Вашето портфолио!
Затоа, ако сте позитивна личност која сака своите талент и харизма, смисла за хумор и начин на изразување да ги пренесе преку екраните, тогаш ова е вистинскиот пат за Вас. Цеце и Марко со нетрпение Ве очекуваат на дружење, едукација и многу забава!
Повеќе информации во однос на пријавувањето можете да најдете на следниов линк http://www.dasta.mk/10641050105410511040-10471040-10421054104410481058104510511048.html