На покана на Kariera.mk и агенцијата P World на 29-ти септември во Скопје доаѓа HR менаџерот на Фејсбук Maud Durand којa ќе биде дел од најголемиот регионален HR настан оваа година – Global HR Summit.
На настанот, покрај претставникот од Фејсбук доаѓаат и клучните луѓе во HR тимовите на Unilever, Gazprom, ING и фармацевтскиот гигант Novo Nordisk.
Maud Durand магистрирала во управување со човечки ресурси, и смета дека HR е професија, која секогаш ја инспирира и ја турка да оди понатаму и подлабоко во нејзините идеи. Таа во Фејсбук дојде од најпознатиот сервис за бизнис вмрежување LinkedIn, каде што имаше можност да им помогне во креирање и спроведување на скалест модел за регрутирање. Maud тука повторно се стакнува со искуства за важноста на регрутерството и одбирањето на кадар во процесот на вработување и повеќе од било што, комбинирање на нешта што таа ги сака: здобивање со нови таленти, бизнис партнерство и стратегија.
За да ja запознаете Maud и да поминeте еден ден со некои од најпознатите светски признати експерти за човечки ресурси, резервирајте ги своите билети денес за Global HR Самитот во Скопје за човечки ресурси на следниов линк: http://www.thepworld.com/event/global-hr-summit-skopje