Еден од најпознатите светски брендови за спортска облека Under Armour лансираше нова дигитална кампања фокусирана на жените, нивните кариери и нивните знаења.
Идејата позади кампањата е да се спротистават на погрешната теза на некои луѓе дека фразата “Многу си убава“ сеуште е најголемиот комплимент кој една жена може да го добие.
Attica Jaques, потпретседателката на бренд менаџментот во компанијата по повод лансирањето изјави дека целата е да се прослави и инспирира јакиот женски дух: “Сакаме жените да знаат дека Under Armous е горд на нивните достигнувања, било да се работи во теретаната, на терен, на работа или во било кој дел од нивниот живот“.
Во склоп на кампањата е направен и овој МЕМЕ генератор, кој на корисниците им овозможува да ги креираат своите “I`m pretty..” слики (како фотката во статијава) кои можат да ги споделат на социјалните мрежи, а исто така, ќе биде достапна за продажба и орграничена серија на маици со #ImPretty графика на кои со маркет ќе може да се дополнат пораки.
Во изминатата година, компанијата забележа пад на профитот, што го наведе нивниот CEO – Кевин Планк, да им порача на инвеститорите дека брендот ќе се потруди своите производи да ги направи попривлечни, со надеж дека новите кампањи и иновации ќе придонесат за нов раст и развој.