АМЦ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Со место на вршење на работните задачи во управната зграда во Скопје
(на определено време 3 месеци – 1 позиција со план за неопределено ако кандидатот ги оствари очекувањата)
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
-Соодветно образование
-Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, DTP
-Одлично познавање на англиски јазик
-Претходно работно искуство на иста или слична позиција
– Солидно познавање на MS office пакет
Adobe Flash, HTML познавања би носеле предност
Одговорности и работни задачи:
ГЛАВНА И НАЈВАЖНА РАБОТНА ЗАДАЧА
Дизајн на флаерот со попусти и нови производи (погледни на http://www.amc.com.mk/KatalogSliderPage Ако мислиш дека можеш исто или подобро, пријави се…)
Други работни задачи
-Дизајн и графичко уредување на сите потребни материјали, летоци, материјали за социјални медиуми итн…
-Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
-Обезбедување на фотографии со висока резолуција и нивно прилагодување за дизајн
-Развивање креативни решенија за брендирање на продавниците на компанијата
-Вклученост во менаџирањето на web продавницата на компанијата, поставување производи, спецификации, банери, информации.
-Поддршка во оддржување на профилите на социјалните мрежи на компанијата со поставување постови, customer care поддршка и слично.
Што нудиме?
– Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
– Континуирана обука
-Атрактивен личен доход. Можност за зголемување во зависност од амбицијата и исполнувањето на обврските
-Работно време од понеделник – петок (08.00 – 16:00 часот)
-Неделното работно време е 40 часа
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија и портфолио со линк на e-mail: zoran.cocovski@amc.com.mk , со назнака: “Оглас за графички дизајнер”
Огласот е активен до 25.04.2015 година
Општи правила за аплицирање:
-Именување на документ за аплицирање – CV (име и презиме на апликантот).
-Назнака на позицијата за која се аплицира
-Мотивационо писмо
– Креативно портфолио