“Ја развиваме камерата за првата платформа за изменета реланост’’ беа првите зборови на Марк Зукерберг кој ги најави новите филтери и интерактивни искуства за новата Camera Effects платформа.
Facebook заедно со својот тим и надворешни девелопери ќе ја развива новата платформа. По завршувањето на F8 конференцијата на Facebook, првите ефекти ќе бидат достапни во рамките на Facebook камерите на паметните телефони, меѓутоа Camera Effects плаформата е дизајнирана за да биде евентуално компатибилна со идниот хардвер кој се развива за зголемена- изменета реланост, како на пример очилата кои се за таа намена.
Manchester United се едни од партнерите при лансирањето на платформата, креирајќи искуство со податоци од фудбалски натпревар и слика со зборот “GOOAALL!” како надополнување на извикувањето на гледачите на стадионите .
Компанијата за развој на игри EA исто така направи масивен шлем додека се игра натпреварот, додека пак Nike на вашата глава ќе стави трака и ќе ве постави на слика како трчате.
Трите категории на зголемената реалност во поглед на содржините кои се прикажуваат се: додавање на информации, додавање на виртуелни објекти и зголемување и надополнување на реалните објекти. Платформата вклучува два производи: Frames Studio и AR Studio. Секој може да го користи студиото за рамки за да прикачи статички камера ефекти на Facebook Live прегледот а ефектите ќе се додаваат со новата алатка AR Studio tool.