LinkedIn, Greenhouse, Jobvite и сличните платформи, одамна на глобално ниво се етаблирале како незаобиколни точки во барањето и понудата на работа. Како поединците, така и работодавачите на овие и на сличните социјални мрежи фокусирани на пазарот на трудот, веќе со години создаваат бизнис мрежи. Гугл до сега беше потполно надвор од овај дел од пазарот, но сега и во една од најголемите светски компании одлучија да направат нешто по ова прашање. Како што пренесува порталот Axios, наскоро Гугл ќе ја стартува новата платформа Google Hire, која ќе се обиде да освои дел од пазарот за размена и барање на работа.
За сега се` се одвива во поприлична тишина, но во Google Entreprise & Cloud одделението вредно работат на развој на новата услуга. Наводно во основата на Google Hire проектот кој го води Diane Greene,е поранешниот стартап Bebop кој го купи Гугл во 2015 година. Моментално нема детални информации за тоа како точно ќе изгледа Google Hire платформата, како што уште не е дефинирано кога Гугл ќе го лансира овај проект. Сепак, не треба да се сомневаме дека Google Hire ќе биде апсолутно интересен барем во првите денови или недели, додека не се види дали навистина може да ги нападне моментално најсилните играчи на овај дел од пазарот.