Македонецот Вања Јосифовски e назначен за прв директор на технологија на познатата социјална мрежа Pinterest. Јосифовски кој работи во Pinterest од 2015 година, досега беше одговорен за инженеринг и откритија. Тој ќе ги надгледува процесите и новите иницијативи врзани за машинското учење, истражување и инфраструктура и ќе му одговара на одговорниот за инженеринг во компанијата, Ли Фан.
Портпаролот на компанијата истакна дека Јосифовски ќе работи на технички решенија врзани за скалабилноста на инфраструктурата на компанијата и напредок на нивната технологија за машинско учење.
Pinterest сега сака да прави алатки за да допре до поголема публика и затоа има потреба од лидер кој ќе ја предводи таа иницијатива. „Сосема е логично да се постави лидер фокусиран на скалабилноста на тимот и на технологијата, додека Фан ќе работи на градење на тимот и на поголемата визија на компанијата“, истакнаа од компанијата.
Извор: inovativnost.mk