Го паметите ова, нели?
И ова?
Освен што веќе го расипав изненадувањето (да, Самсунг е одговорен за ова), целата маркетинг стратегија иако добро осмислена, не можеше да остане незабележана во светот на технологијата каде што интернетот, па, е и главниот канал за реализација на сите маркетинг модели во светски рамки. Па, добро, освен тоа, за да откупиш билборд (видео, светлечки, огромен, на Times Square) и да го поставиш ова
среде Рио де Жанеиро, градот домаќин на следните летни Олимписки игри и Светското првенство во фудбал, ти требаат сериозни финансиски средства и брилијантна идеја. Идејата продолжува. Самсунг вушност создава тим од 11 фудбалери кои што во натпревар со вонземјаните кои што сакаат да ја покорат планетата Земја, ќе се обиде истата да си ја врати назад. Преку победа во фудбалски натпревар. Како на покер. Или слично. Франц Бекенбауер е човекот кој што ќе го создаде тимот.
Кажав премногу? Ах, да, Лионел Меси е фудбалерот број 1, на регрутација.
Сега да.
Околу идејата сега, доколку сте го гледале (или воопшто за тоа знаете, мора да знаете!) The Avengers, Ник Фури заедно со неговите Iron Man, Hulk, Captain America, Thor…ја има истата задача минус фудбалот плус натчовечките способности. Добра врска направиле Самсунг со оваа идеја, сепак е превземена од филм што има направено 1.5 милијарди $ (и повеќе) насекаде низ светот. Но, дали е доволно креативно или Apple има аргумент + во својата технолошка битка?