Не е лесно да се биде банка. Иако Вашиот профит најверојатно достигнува нови рекорди деновиве (месециве, годиниве), очигледно луѓето не ве сакаат. Но, затоа имате ПР тим кој што би требало да го поправи тоа. Веројатно.
Запознајте ја банката JPMorgan & Chase.
Оваа банка е најголемата во САД и втора по големина во светот. Светот не им е наклонет многу на банките поради нивната очигледна улога во светската финансиска криза што официјално заврши (банката е спремна да плати голема сума на пари како казна само за да не продолжи истрагата за нејзините активности, и тоа цели 13 милијарди долари), но неофицијално сеуште трае низ целиот свет и затоа тие се трудат на секој можен начин да си ја подобрат својата позиција и својот бренд пред луѓето што се нивни сегашни или идни клиенти. Кога веќе некој има толку многу капитал како банка би требало да избере и паметен маркетинг оддел. Но, банкарите и маркетерите ретко одат рака под рака.
На официјалниот Twitter feed на банката се појави овој твит:
Банката ги кани нејзините следачи и сите заинтересирани да твитаат под хаштагот #AskJPM со цел да постават прашање до нив на одредената тема. Но ова нели го прават актери и пејачи? Зошто да не и најголемата банка на САД, де? Твитерџиите се фрлија на работа и веројатно предизвикаа одредени непријатности. И веројатно некој отказ.
Би сакал да прашам неколку прашања, но веќе некој ги твитна:
Многумина во САД сметаат дека токму оваа банка е една од оние “по-кривите” за целата ситуација со економијата и нејзиното спасување со пари од обичните граѓани.
За сите оние креатори на содржини на Facebook/Twitter, следете едно единствено правило:
Пред да ја пуштите кампањата on the air, прашајте ги оние што не ви се пријатели да ви дадат искрен одговор околу тоа дали е добра идејата што сакате да ја пласирате или не.
Инаку, хаштагот е сеуште активен. Вклучете Twitter.