Canon се ориентира кон помладата публика со својата ‘Live for the Story’ кампања, која е креирана со цел да го репозиционира брендот низ Европа.
Првата реклама креирана од страна на VCCP London е дизајнирана за да и се допадне на генрацијата која користи паметни телефони и која сака да го зачува своето искуство со помош на фотографии.
Видеото го следи патувањето на младо момче низ фазите на созревање прикажувајќи различни сцени од тој пат, како спомените од патувањата со велосипед, часовите по пиано, пливањето со алишта, бркањето на коњи како и безброј други авантури кои го прават посебен тој дел од животот.
Постариот менаџер на кампањата, Steve Marsh изјави, “Поентата е да им се доближат на луѓето причините поради кои Canon постои како бренд, да започнат да размислуваат во друга насока за брендот за која досега знаеле или непознати факти за брендот кои не ги знаеле до сега. Приказната има за цел да ги инспирира луѓето да започнат да ја кажуваат и сопствената приказна ‘’
Canon исто така паралелно лансира и кампања на социјалните медиуми каде го бара лицето кое ќе ја освои главната награда да патува низ светот 365 дена со цел да креира фотографски приказни.
https://www.youtube.com/watch?v=UcFlyBN7gxM