Брендот Lacoste и нивната агенција BETC Paris го претставија новиот спот „Timeless“ кој ја претставува сржта на новата кампања. Оваа епска филмска фреска започнува во 1930-тите, кога еден човек доживува љубов на прв поглед. Тој тргнува во потрага по таинственета жена во возот во кој ја забележува, но штом стигнува во наредниот вагон се префрла во 1940-тите години. Тој е решен да ја најде, па започнува потрага која го води низ вагоните и времето, се` додека на крајот не стигне во сегашноста. Низ времето гледаме како се менуваат стиловите, но поло маичката ја задржува својата безвременска елеганција.
Парот кој се појавува во спотот Damien Chapelle и Dorcas Coppin ги гледаме на спектакуларните сетови: париската железничка станица од 1930 тите оживеана е со 250 статисти, за секоја декада се користени автентични возови, а извонредните стилистички детали се дело на Madeline Fontaine, која беше номинирана за оскар за работата во филмот Jackie. Сето тоа е заокружено со филмската музика на Max Richter заради која гледачите ќе се наежат уште од првата секунда.
Откако го режира The Big Leap, првото бренд видео во историјата на комуницирањето на брендот Lacoste, режисерот Seb Edwards уште еднаш ја покажа својата способност да ги надмине униварзалните емоции, создавајќи една енергична и автентична атракција. Фактот што изработката на спотот се одвива низ раскош и романтика осум децении, дополнително ја зацврстува оваа ретка, но витална емоција и потсеќа дека e животот сам по себе еден прекрасен спорт.