На Меѓународниот фестивал на креативноста, Cannes Lions, прогласени се добитниците на наградите уште во пет категории.
Агенцијата David Мајами освои Гранд При во категоријата Direct за кампањата Google Home for the Whopper, која ја реализира за Бургер Кинг.
Гранд При во категоријата Mobile освои агенцијата Dentsu Y&R Јапонија за многу необична апликација The family way направена за Recruit Lifestyle Co.
Humanium, проектот на IM Swedish Partner и агенцијата Åkestam Holst и Great Works, освои Гранд При во категоријата Innovation.
Во категоријата Cyber, врачени се три Гран При награди – на агенцијата Clemenger BBDO Melbourne за Meet Graham, на агенцијата Droga за MailChimp Campaign и кампањата Did You Mean MailChimp? и на агенцијата RBK Communication за проектот Åland Index направен за Åland bank.
Проектот на Whirlpool, Care Counts кој е реализиран во соработка со агенциите DigitasLBi и Ketchum, освои Гранд При во категоријата Creative Data.